Договори вредни над 64 милијарди долари беа потпишани оваа недела на форумот во Пекинг посветен на кинеската иницијатива „Појас и пат“. Тоа го нагласи кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Во завршниот говор на форумот, Џинпинг порача дека во сите проекти на соработката во рамки на „Појас и пат“ ќе бидат применети пазарни принципи.

Собирот беше посветен на кинеската програма чија цел е обновување на стариот „Патот на свилата“ со кој Кина повторно би се поврзала со остатокот од Азија и Европа.