Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинески Глобал тајмс: На Западот секогаш му се потребни непријатели

0
By НОВА ТВ Terziova on May 8, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Западот, по конфликтот во Украина, ќе создава криза по криза низ светот, бидејќи му се потребни нови непријатели, пишува кинески Глобал тајмс.

„Соединетите Американски Држави сакаат да ја спроведуваат стратегијата „демократии против автократии“ наместо да се ангажираат во домашните реформи и прилагодување на промените во светскиот поредок“, се наведува во анализата.

Според кинескиот весник, Западот, на чело со САД, никогаш нема да може да прифати постоење на нешто „што не личи на него“. Затоа го создал „непријателскиот имиџ“ на СССР, а потоа и на Русија, водејќи ја политиката на ширење на НАТО.

Вашингтон, како што се оценува, немал никаков ќар од реформата на руското раководство по распадот на Советскиот Сојуз, кои значително го кренаа имиџот на земјата на светската сцена. Поради тоа единството на Северноатлантската алијанса почна нагло да слабее, а глобалното влијание на воениот блок значително опадна.

Во анализата се оценува дека, сфаќајќи ја постојаната потреба за „измислени непријатели“, Западот заклучил дека Русија, со своето повеќенационално единство, огромната територија и православната вера, не може на никој начин да биде асимилирана. Тоа значи дека била погодна за улогата на непријател, кој на Западот почнал да му недостига.

Во анализата се истакнува дека зад тоа се крие длабоката криза на западната цивилизација.

„Цивилизација на која ѝ се потребни надворешни непријатели за да го одржи своето постоење на крајот ќе пропадне. Соединетите Американски Држави, кои секогаш сакаат да војуваат, неизбежно ќе пропаднат како држава. Оваа идеја е совршено потврдена со актуелната криза во Украина“, се наведува во написот.

Запад Конфликт САД Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.