Пациенти со ковид-19 кои го користеле лекот Ремдесивир закрепнале побрзо отколку оние на плацебо, покажуваат резултатите од големо клиничко испитување што го спроведе американскиот национален Институт за алергија и заразни болести (НИАИД).

„Просечното време на опоравување кај пациентите третирани со Ремдесивир беше 11 дена во споредба со 15 дена за оние во контролната група“, соопшти институтот НИАИД.

Истражувањето покажало дека пациентите кои го земаат тој лек имаат помали шанси да починат, иако разликата била мала. Стапката на морталитет била осум проценти на Ремдесивир во однос на 11,6 отсто за плацебо групата.