Првата телевизиска дебата помеѓу демократската кандидатка Хилари Клинот и нејзиниот републикански противник Доналд Трамп е закажана за утре.
Анкетите покажуваат дека помеѓу нив двајцата разликите да седнување во претседателската фотелја не се многу големи а Клинтон има мала предност. Изборите ќе се одржат на 8 ноември.
Според проценките, 90 милиони Американци утре ќе бидат пред нивниот телевизор да ја гледаат дебатата и да ги ловат грешките и лапсусите кои можат да донесат големи последици на исходот од изборите. Многу Американци веќе се одлучиле за кого ќе гласаат но околу 9 отсто се уште немаат став па оттука телевизиските дебати имаат сериозен значај.
Клинтон вчера ја доби поддршката на влијателниот дневник Њујорк Тајмс. Нејзиното 40 годишно искуство во американската политика укажува дека таа е добро подготвена за политичка дебата.
Освен тоа, таа деновиве направи пауза во кампањата, се затвори со своите советници и досиеја кај неа дома за да може добро да се подготви за соочување со Трамп. Психолошкиот профил на Трамп бил проучен а цел на демократката е да покаже, за време на дебатата, дека темепараментот на Трамп не дозволува тој да биде претседател на најмоќната земја на светот. Советниците на Клинтон објавија деновиве и долг список на лагите кои Трамп ги изрекол во последните месеци.
Освен тоа, Клинтон се надева на гласовите на жените кои претставуваат 53 отсто од гласачите па доколу Трамп биде агресивен во дебатата можно е да загуби многу од овие гласови.
И Трамп се разбира се подготвува за дебатата. “Се се одвива добро”, изјави 70годишниот милијардер кој деновиве ја доби поддршката на ултра конзервативниот сенатор Тед Круз кој беше исто така републикански кандидат и остар противник на Трамп.
Информации од онаа страна на Атлантикот велат дека Трамп сериозно се подготвува веќе неколку дена, гледа видеа на својата противничка од претходните дебати со неа но сепак тој не направи пауза во митинзите.
Искуството на кандидатите
По 40 години кариера во администрацијата, Клинтон добро ги познава сите проблеми на општеството. Анкетите велат дека 88 отсто Американци сметаат дека е интелигентна, но 65 отсто се уверени дека не е чесна и 52 отсто имаат негативно мислење за нејзиниот студен карактер.
Американските медиуми тврдат дека Обама и дал совет: “Биди таа што си и објасни што е тоа што те мотивира.”
Трамп од своја страна нема никакво искуство со претседателски дебати и интензивниот притисок кој трае 90 минути. Но се чини дека Трамп не е загрижен поради недостигот на искуство бидејќи тој е инстинктивен и непредвидлив и добро се чувствува кога камерите се вклучени дури и кога нема многу знаење за темата за која се зборува. Тој вети дека ќе покаже “многу почит за г-ѓа Клинтон”.
Според анкетите, Американците имаат понегативно мислење за него отколку за Клинтон: 61 отсто имаат негативно мислење и не им се допаѓа неговата агресивност.
Траење и формат на дебатата
Дебатата ќе стартува во 21 часот (01.00 ГМТ) на универзитетот Хофстра во Хемштед на Лонг Ајланд кој се наоѓа на час патување од Њујорк. На ова место се одржале вакви дебати во 2008 и 2012 година.
Дебатата трае 90 минути со 6 сегменти од по 15 минути и без рекламни паузи а на неа ќе се разговара за 3 теми: насоката на Америка, просперитетот и безбедноста. Секоја тема ќе биде дебатирана 30 минути.
Лестер Холт
Модераторот на дебатата ќе биде 57 годишниот новинар Лестер Холт кој ги води најгледаните вести во земјата на НБЦ.
Тој ќe го отвора секој дел од дебатата со едно прашање и секој кандидат ќе има по 2 минути за да одговори а потоа секој од нив ќе може да дaдe реплика на одговорот на противникот.