На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид-19. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?, праша Зоран Заев на Фејсбук.
Со СДСМ и коалицијата „Можеме“, порача тој, во новиот мандат ќе продолжат уште повеќе инвестициите во здравството и во човечкиот капитал, за уште подобра здравствена заштита.
„Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, продолжуват инвестициите во јавното здравство. Скопје добива нов клинички центар, а Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри“, нагласи Заев на социјалната мрежа.