Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Осми марш на Ангелите – Ако ви останало нешто човечно тогаш не ги штитете полицијата и виновниците

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 31, 2025 19:29

Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост, бараме правда, за секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер го гушка воздухот“, порачаа семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешниот осми по ред „Марш за ангелите во градот.

Родителите прашаа зошто институциите не ја затвориле импровизираната дискотека, кој сè замижувал за таа да функционира. Тие го наведоа ланецот на неправилности во редица институции и побараа одговорност. Ги повикаа Министерството за економија, МВР, Обвинителството, Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат, Општина Кочани… да одговараат за сите пропусти поради кои се случи трагедијата.

Да ве потсетиме, на 16 март 2025 Кочани замолкна. Во огнот на кабарето ‘Пулс’ живи изгореа 62 млади души, над 200 беа повредени, половина беа деца кои немаа ни полни 18 години. Не сме ни слепи ни глуви, сѐ видовме, сѐ знаеме и нема да молчиме. Таа вечер беше отворен простор без лиценца, простор за 30 луѓе, внатре 500, како стока ги натрупаа нашите деца. Од алчност газдата пушти толку луѓе, сега се слободни и шетаат со исправени глави, ние не сме глупави ни наивни. Полицијата требаше да ги заштити таа вечер, а не да им ја држи врататата завторена, мислејќи дека бегаат од инспекција. Тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците, ако ви останало нешто човечно, рече една од мајките на загинатите деца.

Друга мајка испрати прашања до обвинителите, со оглед на тоа дека вчера беше објавено оти е завршена истрагата, и од 73 првично осомничени, останаа 46 осомничени.

Половина од нив не се ни повикани на распит. Апелираме да се следат доказите. Вистинските виновници мора да бидат откриени, без разлика за кого се работи. Бидејќи не можете да ги видите, тука сме ние да ве насочиме.

Сè ова што говориме денес ќе биде објавено на нашата заедничка фејсбук-страница ‘Здружение на граѓани 16.03’. На сета болка, моравме да ги следиме сите правни норми, рекоа родителите на денешниот собир.

 

ангели Кочани марш протест родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.