Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се опциите за враќање на ВМРО ДПМНЕ во Собранието?

0
By Нова ТВ on March 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 5, 2018 13:39

По најавата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека наскоро е можно да се комплетира пратеничката група и да се вратат во Собранието, правните експерти нудат две опции кои се можни за да се оствари ваквото сценарио.

Судот, кога ќе одлучува по жалбите на пратениците, да донесе одлука тие да се бранат од слобода, со одредување на мерки за присуство или одземање на пасошите. Ваквата одлука, ќе значи и присуство на пратениците во Собранието. И втората варијанта е судот да им одреди куќен притвор, но во ваков случај тие не би можеле да се вратат во работата на Парламентот, анализира Петар Арсовски.

Според  Арсовски, одлуката на судот за пратениците да се бранат во слобода е помалку веројатна, поради тежината на делото кое им се става на товар. Тој очекува судот да донесе одлука за замена на притворот со куќен.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по средбата со Заев изјави дека се надева дека наскоро ќе се вратат во Собранието.

,,Во моментов, ВМРО ДПМНЕ останува на своите позиции, прашањето е од математичка и политичка природа и ние не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Се надевам и имам чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО-ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието и да биде целосно посветена на работата во парламентот, рече Мицковски по средбата со премиерот Заев.

Премиерот Заев вели дека нема намера да врши притисок врз обвинителството за ослободување на притворените пратеници за инцидентите од 27 ми април.

,,Ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во Собранието сѐ додека не бидат комплетни, но нашата позиција исто така останува непроменета – немаме намера да влијаеме на правосудството и на одлуките на судот во однос на приведените пратеници. Тоа е недозволиво, законот важи за сите. Но, ќе кажам дека притворот не смее да биде казна. Сепак, тоа е обврска и право на обвинителството и судовите во Македонија“ рече Заев.

Неофицијално, извори во ВМРО-ДПМНЕ велат дека услов за враќање во Парламентот останува комплетирањето на пратеничката група, а тоа значи присуство на сите пратеници во Собранието.

Шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени од Основното јавно обвинителство за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април годинава.

Во моментов во затворски притвор се пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Останатите четворица пратеници – Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и пратеникот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски се во куќен притвор.

Апелација, одлучувајќи по жалбите на притворените, пред десетина дена им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски и пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – вработениот во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и Оливер Радулов од УБК. Истовремено, Апелација го потврди притворот за Мукоски и Василевски.

По ваквите одлуки од Апелација, според извори на НОВА, дел од адвокатите на осомничените поднесоа и жалба до Врховниот суд со која бараат да се преиначи одлуката на Апелација, односно да се укине мерката притвор и да се замени со мерки на претпазливост.

Јавната седница на Врховниот суд, како што бараат адвокатите се уште не е закажана. Од Врховниот суд за НОВА велат дека до овој момент, до нив сеуште не се пристигнати жалби и објаснуваат дека процедурата оди преку Апелацискиот суд, од каде потоа жалбите се доставуваат до Врховен.

ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Парламентот од почетокот на декември, кога пратениците и уште 30 лица беа осомничени за настаните од 27 ми април.

27.април Апелација Врховен Мицкоски Мукоски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.