Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој прислушувал: Исти централи како во ЈОРМ има и во други институции

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 08:47

Власта и опозицијата бараат одговорност и меѓусебно се обвинуваат за откриените системи за прислушување вградени во телефонските централи во обвинителството и во Основниот суд Скопје 1.

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Тренеска Десковска најавија дека и тие ќе ги проверуваат ваквите системи за интерна комуникација, но вчера беа објавени информации и за друго министерство кое неодамна нарачало телефонски систем со можност за прислушкување и снимање на разговорите на вработените.

-Одговорност мора да има, а истрагата ќе покаже кој дал наредба во телефонските централи да се вгради систем за прислушкување, изјави на прес-конференција премиерот Заев.

 

Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не знае во која државна институција е набавена слична или иста телефонска централа, но нагласи дека раководното лице во институцијата одлучува што ќе се употребува од вградената телефонска централа.

– Раководното лице во самата институција, одлучува што од тоа ќе се употребува. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува односно се става на снимање е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби односно да се вгради и вториот дел каде е тоа употребувано, рече премиерот.

Според неговите информации, системот во Основниот суд Скопје 1 се уште не е ставен во функција, но системот е вграден.

-Кој тоа дозволил таков систем да се вгради? Во ЈО треба да си каже државниот јавен обвинител затоа што самите институции кога ги сменија своите раководни структури ја отворија веднаш истрагата. Така ќе биде и за секоја јавна институција. Се работи за локалите внатре, внатрешната комуникација помеѓу себе. Очекуваме одговорност, рече Заев на заедничката прес-конференција со министерката за правда Рената Тренеска Десковска.

Министерката Тренеска Десковска, пак, рече дека и во Министерството за правда пред одреден период е набавена телефонска централа и оти по овие информации кои излегоа за судовите ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи за да се види каква централа е набавена и за Министерството за правда.

Телефонската централа во Основниот суд Скопје, потврди министерката за правда, е набавена преку Министерството во 2015-2016 година за време на министерувањето на Валдет Џафери. Тренеска Десковска кажа дека целокупната документација ќе биде доставена до надлежните институции и оти кога ќе заврши истрагата ќе се утврдува одговорноста.

Владејачката партија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и вчера меѓусебно се обвинуваѓа и бараа одговорност од оние кои наредиле употреба на ваква опрема.

СДСМ побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството на партијата да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.

– Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал. Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година, се наведува во соопштението од владејачката партија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, пак, на прес-конференција кажа дека иако поминале три дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а сеуште од Оливер Спасовски и МВР нема никаков концизен и директен одговор. Побара оставки и одговорност.

-Кадрите на СДСМ се уште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев. За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш, рече Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ Дескоска Заев ЈОРМ прислушување СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.