Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комесарот за човекови права и се налути на Русија

0
By Светлана Јовановска on October 11, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 11, 2016 12:41

Нилс Мужниекс и се налути на Русија. Комесарот за човекови права на Советот на Европа* одлучи да го откаже патувањето во Русија, предвидено за идната седмица. Причина – пречките што Москва му ги поставила на комесарот. И му наметнала програма за посетата која за комесарот не е прифатлива.

Руските власти сакаат да го примораат комесарот да остане 48 часа во Москва што му остава само еден работен ден и премногу кусо време за средби со невладините организации (НВО), борците за човекови права или новинарите. Некои од нив се наоѓаат надвор од Москва па Мужниекс барал да посети и други градови а не само престолнината. Мужниекс не сака да разговара само со владата туку и со претставници на судството, полицијата и парламентот.

Земјите членки на Советот на Европа без исклучок му овозможуваат на овој комесар да ги посети луѓето и организациите со кои сака да разговара.

“Според одередбите на мојот мандат, земјите членки на Советот на Европа, треба го олеснат независното и ефикасно спроведување на мојата функција”, вели комесарот. Тој очекува Москва да му го олесни контактот со луѓето кои сака да ги види и да му ги даде информациите што му се потребни.

“Како што веќе им реков на руските власти, многу е вознемирувачки и разочарувачки што властите на Руската федерација не ми излегоа во пресрет”, жали комесарот. И се надева дека Москва ќе го смени ставот и ќе ја обвнови целосната соработка со комесарот за човекови права.

Мужниекс нема намера да го затвори руското досие и вели дека ќе продолжи да ја следи состојбата со човековите права во Русија.

Помеѓу проблемите во фокусот на комесарот е и најголемата НВО во Русија, Меморијал, беше класирана како “странски агент”. Меморијал беше основан од Андреј Сахаров во 1988 година. Терминот “странски агент” од 2012 година повторно почна да се користи во Русија како и во времето на СССР.

4165e2b9-4554-4e0b-9238-7bcb839000a3_w987_r1_s

Во Русија се истражува дали НВО Меморијал е “странски агент”

Околу 150 НВО во Русија беа прогласени за “странски агенти” или, кусо речено – шпиони во служба на американскиот непријател. Овие НВО работеле во здравството, образованието, човековата околина и често биле критични кон националните или локалните власти.

Откажувањето на посетата на комесарот се случува во контекст на силни тензии помеѓу Советот на Европа и Русија.

Оваа паневропска организација остро ја критикуваше Москва: од 2015 година некои одлуки на европскиот Суд за човекови права во Русија беа прогласени за неуставни од тамошниот Уставен суд со што се доведува во прашање авторитетот на овој европски суд.

Истовремено руската делегација го бојкотира Парламентарното собрание на Советот на Европа поради тоа што на руските пратеници им беше одземено правото на глас по анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година и украинската криза.

*Советот на Европа е паневропска огранизација со седиште во Стразбург, Франција и има 47 земји членки помеѓу кои и Македонија. Организацијата е основана во 1949 година и покрива територија со 820 милиони жители.

 

Нилс Мужниекс Русија Совет на Европа човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.