Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести не предложила датум за отворање на границите и аеродромите

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владината одлука за отворање на границите и аеродромите за влез во земјата без задолжителни ПЦР тестови и карантин не е по препорака на Комисијата за заразни болести, објави порталот sdk.mk. Нејзините членови изразуваат изненадување за кревање на државните рамки во петок (26 јуни) и за ставање во функција на аеродромите во среда (1 јули). Од Комисијата за заразни болести велат дека не дале препорака ниту за отворање на теретаните, ниту пак за прием на гости во внатрешноста на кафулињата и рестораните што се сметаат како едни од најризичните места за трансмисија на вирусот.

Од Комисијата за заразни болести, како што пренесува sdk.mk, допрва планирале да разговараат за отворање на границите и воопшто не го предложиле петок. На прашањето дали Комисијата го предложија 26 јуни како ден за отворање на границите, нејзиниот претседател Жарко Караџовски упатува на одговор кај премиерот.

Ниту работата на трговските центри и молови, теретаните и внатрешноста на угостителските објекти биле тема на дискусија во Комисијата за заразни болести. Од таму истакнуваат дека Протоколи се донесени, но не е препорачан датум за нивно отворање што го образложуваат со бројките на епидемиолошката статистика.

Вицепремиерот во Владата, Бујар Османи вчера преку Фејсбук порача дека е време за отворање на границите и на аеродромите. Денеска премиерот Спасовски истакна дека одлуката не е политичка и не треба да се поврзува со изборите, туку е донесена, како што рече, врз основа на анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ претходно соопшто дека ги суспендира сите летови од и кон Македонија со 13 јули.

Аеродроми Влада Граници Комисија за заразни болести Отворање препорака Теретани угостителски објекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.