Конечна одлука дали СДСМ и ДУИ ќе формираат влада ќе се донесе во понеделник, изјави денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Тој рече дека го усогласиле текстот на законот за употреба на јазиците, кој што ги надминува билатералните односи меѓу двете партии.
„Откако се утврди текстот на законот, остануваат два начина за негова реализација, партиципирање во владина коалиција или преку поддршка на малцинска влада“, рече Османи.