Челзи го доби и четвртото засилување во летниот преоден рок. Во исчекување на официјална потврда од „Стемфорд Бриџ“, информацијата ја објави Џанлука ди Марцио кој важи за еден од најавторитетните европски новинари кога се фудбалските трансфери во прашање. Како што објави тој, шпанскиот репрезентативец веќе се договорил со „сините“ и во Лондон пристигнува како замена за Диего Коста

За трансферот што го посакуваше и самиот Мората за поголема минутажа одошто ја добива од Зидан во Реал Мадрид пишуваат и англиските медиуми. Според нив, управата на Челзи ќе плати 75 милиони фунти за досегашниот напаѓач на „кралевите“, сума што ако се покаже како точна ќе биде и највисока во историјата на актуелниот англиски шампион што ја платил за еден играч.

Интерес за Мората имаа и Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Милан, но тој, според Ди Марчо и англиските медуими, го одбра Антонио Конте. Пред Шпанецот во „синиот“ дел на Лондон во овој период пристигнаа и Антонио Ридигер од Рома, Тимуе Бакајоко од Монако и голманот Вили Кабалјеро од Сити.