Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контра прилог: Граѓанинот Груевски како координатор на кризниот штаб

1
By Нова ТВ on August 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утринава пред пунктот на Црвениот крст во училиштето Наум Наумовски Борче во населбата „Ченто“ вриеше од волонтери. Ја собираа помошта за поплавените граѓани, редеа и пакуваа,  а потоа ја сместуваа во транспортните возила. Целата работа ја координира генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Кога НОВАТВ пристигна, со намера да направи репортажа, забележа дека пунктот е полн со новинари и сниматели, сите од провладините медиуми.

По 10 минути, директорот со дел од волонтерите застана пред влезот со извесна доза на свеченост – дојдоа важни гости. Придружувани од припадници (телохранители) на Министерството за внатрешни работи (МВР), како и членови на владиониот кабинет, во пунктот влезе лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој претходно надвор го чекаше премиерот за да влезат заедно додека ТВ екипите беа позиционирани внатре.

unnamed (1)

Груевски застана среде пакетите вода и храна и започна да ги испрашува генералниот секретар Саити и министерот Спасов. Тој бараше, тие даваа отчет. На моменти беше премиер, на моменти лидер на партија, а заликуваше и на координатор на Кризниот штаб. Шоуто заврши, камерите се спуштија, а со нив и микрофоните. Прашања немаше никој, освен НОВАТВ. Прашавме во која улога е тука, рече „како граѓанин“.

Не беше многу расположен да објасни дали тој лично ги координира сите активности на Кризниот штаб за поплавите и дали смета дека треба да се побара одговорност од институциите за толкав голем број на жртви.

Груевски забрзано го напушти пунктот и дури заборави и да се поздрави со генералниот секретар, па потоа се врати за да се ракува со Саити.

unnamed

Првиот човек на Црвениот крст тврди  дека тој не го пречекувал Груевски, туку лидерот се нашол во пунктот во исто време со него сосема случајно.

Саит Саити – генерален секретар на Црвениот крст на Македонија

НОВАТВ и други критички медиуми не добиваат никаква информација од власта, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, за агендата на нивните функционери кои секојдневно одат во местата кои беа погодени од поплавата. При нивните посети нема новинарски прашања, туку главна улога има Груевски кој преку телефон ги координира сите министри и директори на институции.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов невреме Никола Груевски Саит Саити Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.