https://www.youtube.com/watch?v=ikJL1X8hQXE

Кој стои во контролната соба зад медиумската машинерија на власта? Дали сите уредници во сите национални телевизии во се сетиле да прават анкета со граѓани за платите на специјалните јавни обвинители? Дали исто размислуваат или друг ги влече конците? Кој стои зад организираниот медиумски етички криминал. 

„Ако има „наредба“ да се сними анкета, тоа всушност не е анкета. Секогаш се тоа договорени „случајни минувачи“, кои ги испраќа партијата. А, понекогаш анкетираните по три-четири пати го повторуваат тоа што им е наложено да го кажат во анкетата“, вели новинар за НОВАТВ  кој работи во една од најголемите национални телевизии во своето снимено сведоштво за нас кое ќе го емитуваме анонимно за да го заштитиме, а кој на увид ни даде и СМС пораки, маилови и друг вид докази кои покажуваат дека централот за контрола е еден.

Анализата на МОДЕМ за известувањето на медиумите покажува дека само од 12 март до 8 април МТВ, Канал5, Сител и Алфа емитувале 371 позитивен прилог во кој центарот на вниманието бил Никола Груевски.

grafik gruevski

А како се редат вестите ? Кој одлучува каде по ред и по значење ќе се појават Груевски и кравите?  На секоја телевизија исто. Редот е ист, поентите, луѓето и зборите.

Во последната година ситуацијата е отидена дотаму што од ВМРО-ДПМНЕ до провладините медиуми испраќа тонски парчиња кои треба да се стават во прилогот. Па, така на пример еден прилог за лидерот Груевски трае дури и по 7 минути во вестите, во кој мора да се вметнат сите поенти кои тој ги кажал на прес конференција или на некој настан, вели новинарот за НОВАТВ.

 

Пропагандата не застанува зад розевиот параван.Еден од најопасните трендови и главен белег на медиумската машинерија се  оцрнувачките хајки против сите критичари на власта. Од новинари, до професори, лекари, студенти, опозиционери, припадници на невладиниот сектор. Во последно време, „модерни“ за нападите врз Специјалното јавно обвинителство. Еве како анализата на МОДЕД го илустрира известувањето за СЈО во медиумите:

grafik gruevski sjo

Поранешниот главен и одговорен уредник во весникот „Дневник“ Зоран Димитровски објаснува како се нарачувале вести додека тој работел таму.

Уредниците на смс добиваат такви пораки со редоследот на вестите кои треба да се емитуваат, има дури и воспоставена хиерархија што се однесуваа до белата пропаганда, ако станува збор за оние црни хајкашки материјали тие се јасни – се преземаат од курир, нетпрес, нив ги пишуваат главно првите две три пера или директно во шттабот под раководство на Мартин Протоѓер, вели Димитровски.

Оцрнувањата прво осамнуваат на порталите. Дел од нив креирани во офшор фирми со анонимни оф шор сопственици како Републиак и Нетпрес, други пак, во сопственост на роднини на министри како Курир и Денешен, а трети комплетно незнајни со странски домејни како поновиот „Журнал’. Потоа овие оцрнувачки текстови завршуваат цитирани на најгледаните телевизии во земјата, вклучително и на јавниот сервис.

Следењето на вестите покажа дека едни исти лица ги читаат сите текстови за предавници, платеници, непријатели. Секторот „хајки’ освен посебни уредници има и посебни репортери. Голем дел од нив од анонимните портали завршија во ударните термнини на националните вести.

Јулијана Кимовска Николовска не е позната, но тоа е гласот од прилозите на „Канал 5“ за платеници и предавници  на Шарената револуција или опозицијата или новинарите.  Таму дојде од порталот „Нетпрес“. Градимир Марковски и Бојана Димитриевска од „Вечер“ напредуваа во „Сител“, од  „Алфа“, а сега специјалните известувања им се доверени во ТВНОВА на бизнисменсот близок до власта „Сеад Кочан“. Ретко кој чул и за Ивана Атанасовска – од Курир прејде во Канал 5  – секторот е ист, гони непријатели на државата.

Погледнете ја емисијата ЈАВНО која отсега ќе се продуцира два пати месечно на НОВАТВ. Пилот епизодатта е насловена „Контролна соба“.

 

Оваа сторија е поддржана во рамки на проектот SouthEast Media Observatory поддржан од Европската унија. Содржината на проектот е одговорност на авторот и не ги отсликува ставовите на ЕУ.