Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Координирана акција на сите институции против насилството врз жените

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 16:28

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска најави дека во Македонија треба да се воспостават 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување и најмалку три центри за жртви на сексуално насилство. Исто така ќе бидат отворени и повеќе од 20 советувалишни центри за кризна интервенција психолошко советување и бесплатна правна помош.

Царовска денеска говореше на настанот по повод ратификацијата на Истанбулската конвенција. Таа најави дека по ратификацијата се подготвува Национален оперативен план со имплементација, кој ќе биде објавен наскоро откако ќе биде усвоен од Владата.

Според неа, неопходна е едукација на вработените во центрите за социјална работа, министерствата за здравство и за внатрешни работи и на судиите и на јавните обвинители кои, како што рече,  мора да го препознаат насилството и да го санкционираат согласно тежината на стореното дело. Ова, како што потенцира, се клучни промени кои следат за прифаќање на Истанбулската конвенција и интегрирање во нашето општество.

Премиерот Зоран Заев во контекст на родово заснованото насилство, рече дека тука, координацијата помеѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење. Но, потенцира дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже НЕ за насилството врз жените.

Министерот за здравство Венко Филипче најави обука и специјализација на здравствени работници во клиничкиот менаџмент на овие појави како и отворање на три центри за упатување на жртви во склоп на гинеколошко акушерската клиника во Скопје и болниците во Куманово и Тетово. Исто така, министерот Филипче најави и ревизија на Законот за абортус.

Заев Истанбулска конференција Филипче Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.