Реал Мадрид е последен полуфиналист во фудбалскиот Куп на Шпанија. „Кралевите“ и во реваншот ја совладаа Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за финале. Два гола за тимот од „Сантијаго Бернабеу“ постигна Карим Бензема во 27. минута и во 43. минута со кои го надмина Мексиканецот Уго Санчез на вечната листа на стрелци на мадриѓани. На 2:1 намали Педро Поро во 71. минута, а печат на победата на
Французинот со овие два гола стигна до бројката од 209 во десетгодишните настапи во дресот на Реал Мадрид. Колку за споредба, Санчез за седум години како „крал“ погоди 207 пати. Лидер на листата е Кристијано Роналдо во 451 гол пред Раул со 323, Алфредо ди Стефано со 308, Карлос Сантилјана со 290, Ференц Пушкаш со 242, итн.