Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корона-вирус: Шеесет нови случаи на крузерот „Дајмонд Принцес“ со тројца Македонци

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 10, 2020 08:47

Нови 60 позитивни тестови на корона-вирус се регистрирани на крузерот “Дајмонд Принцес“ што е закотвен во карантин во Јокохама, соопшти јапонското Министерство за здравство. Со нив, бројката на заболени на бродот се искачи на 130, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство.

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.

Фото: cnbc.com

На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж, меѓу кои и тројва македонски државјани.

Од корона-вирусот починаa 910 лица, од кои 908 во Кина, заразени над 40.000

Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека од вчера до денеска бројот на починати од епидемијата на коронавирус е зголемен на 910, од кои само во Кина починале 908. Со овие најнови податоци, наведува комисијата, жртвите на новиот тип на коронавирус ги надминаа оние од епидемијата на САРС, која во 2002-2003 година однесе 774 жртви. Вкупниот број на заразени со коронавирус во Кина надмина 40.000 лица, пренесоа француските медиуми.

Фото: politico.com
Според Светската здравствена организација, бројот на заразени се стабилизира, но е прерано да се каже дека пикот на епидемијата е минат. Бројот на смртни случаи од коронавирусот во кинеската провинција Хубеи, изворот и жариштето на епидемијата, веќе достигна 871 лица, пренесоа британските медиуми,

Во Хубеи само во последните 24 часа се регистрирани 2.618 нови случаи на заразени со вирусот, со што вкупниот број на заразени во провинцијата достигна 29.631.

Поголем дел од новите смртни случаи се во градот Вухан, каде почна епидемијата на коронавирусот. Градските власти соопштија дека вчера во него починале 73 болни. Вкупниот број на смртни случаи во Вухан достигна 681.

биланс Карантин Корона-вирус крузер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026Updated:August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.