Градинките и основните училишта во општина Центар на нема да работат и да одржуваат настава во наредните 14 дена. Мерката за прекинување на воспитно-образовниот процес е согласно препораките на Владата и ги опфаќа осумте основни училишта и трите градинки заедно со клоновите, кои се наоѓаат на територија на општината.
Овој чекор, како што информираат од Општина Центар, следи по одржаната 15. седница на Владата и донесените одлуки, препораки и заклучоци од истатата седница, а се однесува на моменталната состојба со коронавирусот.
„Ги известуваме жителите дека од денеска се прекинуваат и редовните приемни денови и приемното време во Секторот за урбанизам на општината (вторник и четврток од 13:00 до 15:00). Архивата на Општина Центар и понатаму ќе продолжи со прием на предмети во редовното работно време од 9:00 до 15:00 часот“, се вели во соопштението од Општина Центар.