Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија 

0
By Zoran Ivanov on November 17, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 17, 2025 12:51

Денешниот ден не е посебен само за Албанија, туку и за Европската Унија, бидејќи покажува оти понудата на ЕУ дава резултати, изјави денеска еврокомесарката Марта Кос по одржувањето на седмата Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, во чии рамки беа отворени преговорите по последниот, Кластерот 5 од преговарачкиот процес – „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Овој успех не би бил можен без цврста политичка посветеност на Албанија и со силен ангажман на сите земји членки на ЕУ за поддршка на албанскиот напредок. Ние сме посветени на вклучување на Албанија во Европската Унија, рече Кос на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и данската министерка за европски прашања Мари Бјере.

Според Кос, ваквиот успех на Албанија е резултат на соработката на властите со граѓанското општество и другите засегнати страни во спроведувањето на важните реформи и на барањето на албанските граѓани за промени.

Албанија е најдобриот пример за трансформативната моќ на проширувањето и покажува дека кога испорачувате и напредувате. Таа е инспирација за многумина на Западниот Балкан и за многу граѓани кои би сакале да ја видат истата решителност и промени во нивните земји, додаде Кос.

Таа нагласи дека отворањето на сите кластери во преговорите е голем успех, но вистинската награда е нивното затворање, за што треба да продолжат реформите поврзани со правосудството, борбата против корупцијата, имотните и малцинските права и слободата на медиумите, што, како што рече, не е лесно за ниту една земја кандидат.

Комисијата ќе продолжи да поддржува и советува во справувањето со предизвиците кон членството во Европската Унија. Нашата улога е да се осигураме дека Албанија ќе биде добро подготвена кога ќе и се приклучи на ЕУ, рече Кос.

Рама, од своја страна, истакна дека она што се случи денеска – отворањето на последниот Кластер од преговорите, до неодамна изгледаше невозможно, но тоа е остварено со туркање напред и жестока борба, што ја направиле Албанија посилна, позрела и посвесна за големината на пристапниот процес.

Она што се уште беше само сон пред нешто повеќе од една година, сега прерасна во работен план и реалност на кој мора да работиме во нашиот секојдневен живот, рече Рама.

Тој истакна дека е апсолутно инспириран од силната поддршка што ја добива процесот на проширување или, како што рече, „обединувањето на Европа“ и нагласи дека Албанија ќе направиме се што е во нејзина моќ да продолжи на тој пат со истиот интензитет, дисциплина и напорна работа.

Патот низ кој поминавме ни покажаа нешто многу важно. Никогаш не земајте ништо здраво за готово во Брисел. Дури кога овде се насмевнуваат, не го земајте тоа здраво за готово, затоа што насмевката може за миг да исчезне од нивните лица. Затоа продолжете и работете напорно и одговорете во секоја околност со понизност и со резултати. Тоа се двете работи што овие луѓе најмногу ги ценат. Никогаш да не заборавиме дека на крајот она што ќе го сработиме со нашите раце не е важно за нив, туку за нас, додаде албанскиот премиер.

Рама нагласи и дека Албанија ќе продолжи да работи според планот за завршување на преговорите во текот на 2027 година, по што би пристапила кон процесот на добивање политичка поддршка за пристапувањето во ЕУ и остварувањето на целосно членство.

Бјере истакна дека за нешто повеќе од една година Албанија ги отвори сите шест кластери, што претставува рекордна брзина во напредокот во преговарачкиот процес.

Албанија вложи голем напор во спроведувањето на реформите и усогласувањето со законодавството на ЕУ. Како резултат на тоа, Албанија напредува во преговорите со стабилно темпо, додаде Бјере.

Според неа, посветеноста на реформите што ја покажаа албанската влада и нејзиниот народ е навистина импресивна, што е нотирано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на европскиот пат, особено со реформата во правосудството и во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Таа ја повика Албанија да продолжи по овој пат со фокусот и квалитетот што го покажуваше досега и дека на тој начин ќе стане дел од Европската Унија.

Сигурна сум дека членството ќе биде остварено во многу блиска иднина. Албанија припаѓа на европското семејство, додаде Бјере.

Данската министерка изрази надеж и дека успехот на Албанија ќе претставува огромна инспирација и за другите земји кандидати за членство, бидејќи покажува дека кога државата испорачува, постигнува и резултати.

Се надевам дека ќе ја задржите мотивацијата, бидејќи моментумот е тука. Има толку многу земји членки кои се залагаат за проширувањето. Во интерес и на земјите членки на ЕУ во целина е проширувањето да продолжи, додаде Бјере.

 

 

Брисел ЕУ Кос Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.