Олимијакос е последниот патник на Фајналфор во кошаркарската Евролига. Во четвртфиналната мајсторка, тимот од Пиреја го совлада Анадолу Ефес со 87:78 (по четвртини: 25:21, 12:20, 26:17, 24:20) и се придружи на ЦСКА Москва, Фенербахче и Реал Мадрид на завршниот турнир.
Васиис Спанулис беше најзабележителен во домашната екипа со 22 поена и шест асистенции, Јоргос Принтезис додаде 14 коша вклучувајќи ја и тројката на 1:44 минути до крајот со која „црвено-белите“ се одлепија на плус 9 (83:74).
Гостите од Истанбул, пак, имаа дури шест двоцифрени играчи кои не беа доволни да избегнат пораз и да бидат втор турски клуб на Фајналфор. Ги предводеше Чеди Осман со 11 поени, по десет уфрлија Дешон Томас, Тајлер Ханикет, Дерик Браун, Џејсон Грејнџер и Томас Ертел.
Евролигашкиот Фајналфор ќе се одигра во Истанбул. Полуфиналните дуели се закажани на 19 мај. Во првиот ќе се пресметаат Реал Мадрид и Фенербахче (17.30 ч.), во вечерниот термин и Олимпијакос со ЦСКА Москва. Големото финале е на 21 мај.