Фенербахче ја искористи првата меч топка против Бешикташ во финалната плеј-оф серија во турското кошаркарско првенство. Европскиот шампион и по четврти пат го совлада градскиот ривал од Истанбул, овојпат со 98:94 по продолженија и по осми пат го подигна шампионскиот трофеј во домашната сцена.
По една четвртина имаа двете екипи во воведното полувреме. Првата му припадна на Фенер, но Бешикташ, по втората, замина на одмор со плус пет (47:42). Домашните продолжија во ист ритам и во наредниот период за да влезат со комотни 13 поени предност во последниот. Меѓутоа тимот на Перо Антиќ се погрижи неизвесна завршница. Благодарение на грешките на противничките играчи се доближи на минус 2, а во завршните секунди имаше прилика да слави и по основните 40 минути доколку Калиниќ, Диксон и Јудо беа прецизни во обидите.
Тоа што Фенербахче не успеа во регуларното време, сепак, го реализира во екстра баскетот и со максимални 4:0 ја доби серијата подобар од седум со Бешикташ.
Весели забележа дабл-даб ефект (26 поени, 11 скока), Богдановиќ го следеше со 23 коша и девет додавања. Сипахи со 22 погодока и Строубери со 20 беа најефикасни во редовите на Бешикташ.