Четири апликации досега пристигнале на адреса на Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) за организација на мундијалот во 2023 година. Две од нив се самостојни, две заеднички. Рокот за пријавување на заинтересираните земји истекува во август.

Според ФИБА, одделни кандидатури засега има од Русија и од Турција. Зад една од заедничките стојат Јапонија, на Филипини и на Инднезија, а втората е потпишана од Аргентина и од Уругвај.

Кина ќе биде домаќин на наредното Светско првенство во 2019 година што ќе биде прво со рекордни 32 репрезентации.