Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: Наваро е првиот играч со 4.000 поени во Евролигата

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2017 00:30

Хуан Карлос Наваро си обезбеди место во историјата на Евролига во уште една статистичка категорија. Членот на Барселона е првиот играч со, најмалку, 4.000 коша во елитното натпреварување. До новиот подвиг стигна во дуелот со Фенербахче во рамки на 30 коло од регуларниот дел на сезоната.

Фенербахче славеше со 68:65, по продолженија, а Наваро го заврши мечот со скромни четири поени, но доволни за пробивање на границата од 4.000. Тој е лидер и на вечната листа на најдобри шутери за тројка во Евролигата како и играч со најмногу настапи (319) во одбраното кошаркарско друштво.

Фото: euroleague.net

Перо Антиќ одигра десет минути против Каталонците во Истанбул. Присуството на паркетот го заокружи со 3 поени (сите од линијата за слободни фрлања) и три скока (сите дефанзивни). Гостинскиот играч Тајрис Рис со 19 поени беше најефикасен на средбата, Виктор Клавер додаде 15 за составот од „Блауграна“ кој игра очајна сезона во елитната конкуренција.

Прв стрелец кај домашните беше Богдановиќ со 15 коша пред Калиниќ со 13 и Слукас со 10.

Евролига, 30 коло

Фенербахче – Барселона 68:65 (по продолженија)

Бамберг – Галатасарај 79:84

Макаби Тел Авив – Панатинаикос 61:81

Басконија – Жалгирис 79:84

Денеска (четврток) играат

ЦСКА – Олимпијакос (18 ч.)

Дарушафака – Црвена звезда (19 ч.)

Милано – Уникс Казан (20.45 ч.)

Реал Мадрид – Анадолу Ефес (21 ч.)

Барселона Евролига кошарка Хуан Карлос Наваро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.