Шпанската кошаркарска репрезентација ќе продолжи без Хуан Карло Наваро (37) по Европското првенство што од 31 август до 17 септември ќе се одржи во Финска, Турција, Романија, Израел.
Сениорското деби за „фуријата“ го имаше на Игрите во Сиднеј во 2000 година. Со националниот тим од тогаш освои две континентални титули, една светска и понесе две сребрени олимписки одличја во 2008 година во Пекинг и во 2012 година во Лондон.
Наваро има и европски шампионски трофеј со Шпанија во У18 конкуренција од првенството во 1998 година во Бугарија, а една година подоцна стана и светски првак со генерацијата чиј член беше и Пау Гасол.