Србија е единствената селекција што успеа да постигне преку сто коша во двете кола од квалификациите за кошаркарскиот мундијал во 2019 година. Составот на Александар Ѓорѓевиќ ја совлада Грузија, во Белград, со 105:87 и заедно со Германија го водат главниот збор во групата Г. Најефикасни во домашната селекција беа Радуљица со 28 поени, Малван со 18 и Пено со 17. Прв стрелец кај гостите беше Диксон со 36 коша.
Германија, пак, ја понижи Австрија на гостувањето во Швехат со 90:49. Победникот беше решен уште по првиот период што германските копаркари го добија со 20:8, на полувреме заминаа со плус 20 (41:21). Тиман ја предводеше победничката екипа со дабл-дабл ефект (17 поени, 10 скока), а уште четворица негови соиграчи забележаа двоцифрен бро кошеви – Бартел уфрли 15, Бенцинг 11 додека по десет постигнаа Локарт и Акпинар.
Квалификации за СП 2019
Група Е, 2 коло
Франција – БиХ 84:65
Русија – Белгија 76:69
Табела: Франција 4, БиХ 3, Русија 2, Белгија 2.
Група Ф, 2 коло
Исланд – Бугарија 74:77
Финска – Чешка 56:64
Табела: Чешка 4, Финска 3, Бугарија 3, Исланд 2.
Група Г, 2 коло
Австрија – Германија 49:90
Србија – Грузија 105:87
Табела: Германија 4, Србија 4, Грузија 2, Австрија 2.
Група Х, 2 коло
Естонија – В. Британија 73:70
Грција – Израел 82:61
Табела: Грција 4, Израел 3, Естонија 3, В. Британија 2.