Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово меѓу земјите со највисок степен на вакцинација

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според официјални податоци на косовското Министерство за здравство, околу 95 отсто од децата се вакцинирани што ја сместува земјата меѓу оние со највисок степен на имунизација. Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Беса Бафтиу вели дека благодарение на високиот процент на имунизација во последните години не е забележан ниту еден случај на сипаници.

„Градоначалникот, на наша иницијатива, потпиша одлука со која се наложува лицата кои примаат социјална помош да достават уверение од Центарот за семејно здравје дека детето им е вакцинирано, во спротивно нема да ја примат помошта. Ова помогна многу во општина Косово Поле бидејќи вакцинирањето се зголеми на 93 отсто“, изјави Арифи.

Бафтиу, која е неонатолог по професија, за Радио Косово изјави дека имунизацијата е една од светлите точки во косовското здравство, но подвлекува дека и натаму останува проблем вакцинирањето на децата од заедницата Роми, Ашкалии и Египќани (РАЕ).

„Оние три до пет отсто невакцинирани деца припаѓаат на заедницата РАЕ. Затоа нѝ преостанува уште доста работа, тргнувајќи веројатно од одделот каде што јас работам како неонатолог, каде што има млади мајки кои имаат отпор кон вакцинирањето на бебињата“, вели Бафтиу и додава дека новороденчињата не примаат морбили туку БЦЖ, односно вакцина против туберкулоза и хепатит Б.

Мухамед Арифи од организацијата „Балкан Сан Флауерс“ („Балкански сончогледи“) вели дека од 2017 година кога едно лице починало од сипаници поради тоа што не било вакцинирано, се преземаат бројни активности, вклучително и одење од врата на врата за вакцинирање на децата од заедницата РАЕ во Косово Поле.

вакцинација имунизација Косово Морбили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.