Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово пак на вонредни избори – претседателката го распушти парламентот

0
By Zoran Ivanov on March 6, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2026 12:03

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го распушти парламентот и распиша вонредни избори откако пратениците не успеаја да изберат нов шеф на државата во уставно предвидениот рок.

Парламентот имаше рок до ноќеска на полноќ да избере нов претседател, бидејќи на Османи ѝ истекува мандатот во април, но опозициските партии одбија да учествуваат во гласањето.

Според законите во Косово, неуспехот да се избере нов претседател автоматски значи распишување вонредни паламентарни избори.

Овој потег ќе ја продолжи политичката криза во земјата, која лани беше без влада речиси цела година, пред Самоопределување на Албин Курти убедливо да победи на изборите на 28 декември.

Парламент кој не може да избере претседател не може бесконечно да го одолговлекува процесот, како што се обидуваат. Никој не треба да посакува уште еден политички циклус, особено во овој момент, кога на земјата ѝ е потребна стабилност, рече Османи.

Иако освои доволно места во парламентот за да формира влада, партијата на Курти не успеа да ја придобие опозицијата за избор на нов претседател. Опозициските партии бараа консензуален кандидат, додека Курти го номинираше својот министер за надворешни работи Глаук Коњуфца.

Османи денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии за да го одредат датумот на изборите.

 

избори Косово Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.