Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Интервентно производство на струја за компаниите ќе почне во декември

0
By Sashko on October 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервентното производство на електрична енергија најбрзо може да почне во текот на декември, а компаниите во текот на ноември ќе треба да го издржат ценовниот шок на електричната енергија.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, по средбата во Стопанската комора на РСЕ, рече дека согласно планот за 2021-2022 година, количините на јаглен од сопствено производство стопроцентно ќе го задоволат производството на електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум што ги покрива домаќинствата и дека објавиле меѓународен повик за набавка на јаглен за производство на дополнителни количини енергија, кои ќе бидат понудени до стопанските субјекти по берзански цени.

Со ова сакаме да помогнеме на стопанството да имаат пониска цена на електричната енергија, да го задржат производството или цените кои ги имаат кон нивните договорни органи. Притоа и државата да излезе во пресрет на стопанските субјекти, но и компанијата да оствари дополнителен профит, изјави Ковачевски.

Тој најави дека ќе се поттикнат и домашните компании да се вклучат во процесот на набавка и продажба на јаглен и енергија, што ќе значи стабилност на електроенергетскиот систем во државата.

Во текот на ноември треба да почне првата испорака на количини, а планот за производство на дополнителна електрична енергија е да почне во декември, јануари, февруари, март и до средината на април следната година, кога завршува грејната сезона 2021-2022 година, изјави Ковачевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски посочи дека според податоците со кои располагаат, осум снабдувачи на електрична енергија ги прекршиле договорите.

Васко Ковачевски ЕВН Хоум компании Македонија Производство струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.