Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Неминовни се реформи во СДСМ за враќање на рејтингот на партијата од пред локалните избори

0
By Sashko on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 22:30

Мотивирање и обединување на членството за активно вклучување во работата на партијата со цел СДСМ да се врати на нивото на резултати што ги имаше пред локалните избори, изјави Димитар Ковачевски, кандидатот за претседател на СДСМ презентирајќи ја својата програма во телевизиското гостување на ТВ Канал 5.

Во емисијата „Само Вистина“, Ковачевски изјави дека во партијата треба да бидат вклучени сите нејзини членови, со цел да се слушне нивниот глас, да се идентификуваат слабостите и да се постапува за нивно решавање.

Единство во партијата не е само декларативно, туку единство е да можеме да седнеме на маса, да ги кажеме слабостите сите заедно и врз основа на идентификација на тие слабости да можеме да подготвиме програма со којашто ќе постапиме како во партијата, така и пред граѓаните. СДСМ е подготвена да се справи со потребите и со предизвиците во општеството. Реформите во партијата се неминовни, бидејќи тие секогаш носат нов квалитет и нов енергија, партијата треба да биде организирана и да биде функционална, рече Ковачевски во „Само вистина“.

Ковачевски става голем фокус и на одговорноста на носителите на јавните функции, затоа тој наведува дека секој функционер мора да носи одговорност. Според него, тоа е начин како тој функционер ќе биде одговорен во извршувањето на своите задачи.

На прашањето за кадровски промени во партијата, Ковачевски рече дека сè уште е рано да се зборува, но критериумот кон кој ќе се придржува при креирањето на кадровската политика во партијата ќе го задржи на ниво на Влада, а тоа е дека ќе бидат предлагани луѓе професионалци кои ќе бидат дел од СДСМ и ги делат вредностите на СДСМ, меѓутоа и поседуваат професионални квалитети за да можат на најдобар начин да се справат со предизвиците што ги има во ресорните министерства коишто ќе бидат делегирани.

Ковачевски за новата Влада вели дека ќе биде формирана врз основа на вредности, програмски определби и способности за справување со најголемите предизвици што го имаме во моментот, а тие се отпочнување на преговорите со ЕУ, енергетската криза и растот на економијата.

Имаме предизвик да го задржиме животниот стандард на граѓаните во услови на една ваква криза, бидејќи околу две години здравствена криза има и економски ефекти. Исцрпени се граѓаните, исцрпено е стопанството, но и да го реализираме буџетот за 2022 година и среднорочната рамка до 2026 година кои многу јасно покажуваат развојна компонента, односно свртување кон инфраструктурни инвестиции, инвестиции во здравство, инвестиции во образовната инфраструктура, изјави Ковачевски.

Што се однесува до предвремените парламентарни избори, Ковачевски смета дека во овој момент не се потребни од причина што честите избори практично го стопираат стопанството.

„Тоа не ни е потребно во овој период заради тоа што, пак повторувам, ние се наоѓаме во време на пандемија, имаме пропратни економски кризи и сите сили треба да бидат насочени кон справување со тие кризи, но исто така вие сте сведоци дека почнаа да се потпишуваат договори со големи инвеститори особено во електроенергетскиот сектор и ВПД со францускиот инвеститор за
ветерници, со францускиот инвеститор за соларниот парк и со други два помали инвеститори“, изјави Ковачевски.

Димитар Ковачевски избори лидер Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.