Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Се докажа дека кавгата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е заради тендери

0
By Marta Pesevska on December 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Животната средина е многу значајна, загадувањето на Скопје е историски проблем и јас никогаш прашањата кои се стратегиски долгорочни не сум ги поставил на краткорочна политичка рамка, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ.

-Исто како прашањето за ЕУ што не го поставувам во краткорочна рамка, како што некои тоа сакаат така да го прават, па да се служат со уцени, или ова ќе биде или тоа да биде, истото се однесува на унапредувањето на животната средина, не е само владата што инвестира на унапредувањето на животната средина преку буџетот, тука тоа се прави и преку други инструменти, како општините, меѓутоа пред се преку меѓународно финансиски институции, постојат проекти кои што веќе се одобрени, како што е брз автобуски превоз во Скопје, бидејќи превозот во зимските месеци е еден од најзагадувачи, гледаме дека тој проект не се реализира, потоа пречистителна станица од 126 милиони евра за градот Скопје кој што не се реалзира и кој што практично беше причина зошто во градот Скопје се скараа градоначалничката и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и се потврди вчера, значи вчера најдобро се потврди дека всушност кавгата била за тендери, кажа Ковачевски.

Според премиерот доволно покажува што ВМРО-ДПМНЕ и Левица гласале за предлог буџетот предложен од  градоначалничката.

-Тука се работи за гласање во советот тие немаат проблеми меѓу себе, имаат проблеми кога се работи за одредени тендери, меѓутоа тој тендер е финансиран од Европската инвестициона банка 126 милиони евра и требат да го спроведат, исто така управување со цврст отпад, има над 50 милиони евра 55 милиони евра кои се одобрени од ЕБОР кои што не се реализираат исто така за заради тоа што не носат одлуки градоначалници во источниот дел од државата пак од политички причини, меѓутоа тоа се европски проекти и финансирање со пари од ЕБОР, во ИПА проектите има 110 милиони евра за унапредување за животната средина, исто така зголемување на инвестициите и инсталирање на обновливи извори на енергија е еден од начините на унапредување на животната средина, смета премиерот.

Ковачевски додаде дека оваа влада за 10 месеци има во државата испланирано 141 мегават обновливи извори на енергија ставени во употреба.

-До крајот на мандатот тоа ќе биде 300 мегавати, што значи практично половина од капацитетот на РЕК Битола ќе биде од дополнително нови обновливи извори на енергија и се работи и се работи на стратешки проекти. Дополнително преку програмите за МЕ се определени финансиски средства за овозможување на граѓаните за дополнителна субвенција за инсталирање на топлински колектори за вода, фото-напонски централи за домаќинствата. Сменета е комплетно регулативата во делот на инсталирање на фото-напонски централи за домаќинствата ако порано не можеше да се приклучат на универзален снабдувач сега можат. Ако процедурите со сите дозволи траеја 30, 60  и повеќе денови сега со поедноставувањето на постапката таа е еден ден. Истото се однесува и на индустриските капацитети каде што го зголемивме лимитот до којшто можат да инсталираат на крововите на индустриските капацитети. Се тоа се мерки, одлуки, правилни и закони и инвестиции кои што на долг и среден рок ќе ја унапредат животната средина во нашата држава. Јас верувам дека тоа и ќе се случи. Сите мора да работат кога се работи за таква стратешка цел. И Владата меѓутоа и општините мора да го стават тоа прашање како приоритет а не внатрепартиска борба и собирање на политички поени. Нема разлика меѓу собирањето на политички поени и политичката борба на прашањето за животна средина па би рекол и за ова што е за ЕУ. Се е тоа краткорочно да се добие нешто што нема никаква поврзаност со интересите на граѓаните и државата, заклучи Ковачевски.

Автобуски превоз Арсовска буџет ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје Ковачевски Левица тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.