НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Секогаш работев согласно законите

0
By Marija Todorovska on December 18, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски денеска изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно законите, откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин така како што треба. Она што можам да го кажам е дека во текот на моето работење и како претседател на Владата и како заменик-министер за финансии сум се водел секогаш од законите, секогаш сум работел во согласно со нив. Ние немаме на ниту еден начин учествувано во работењето на кое било јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост, изјави денеска Ковачевски во Собранието.

МВР вчера ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генералниот секретар на владата Методија Димовски.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“,„примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија.

Со кривичната пријава се опфатени П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“  чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4

Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.