Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Финански стимул за граѓаните и стопанството сè до целосно заздравување на економијата

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски, кој се обрати пред гласањето за ребаланост, истакна дека клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии.

-Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените цели, како и поставеност во справувањето со пандемијата. Приоритетите ќе бидат насочени кон управување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестиции со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активни мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании мали и средни претпријатија, како и социјалнни претпријатија, рече Ковачевски.

Заменик министерот додаде и дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните продолжува до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економскиот раст.

Тој се заблагодари на, како што рече, конструктивната расправа која довела да се направат и соодветни измени.

–Со направените измени обезбедивме дополнителни средства наменети за здравство, за  инсулин, за набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, набавка на возила за транспорт и фрижидери за чување на вакцини и средства за управување на вакциналните пунктови, како и набавка на опрема за испитување на квалитетот на мазутот што е во насока на обезбедување на чиста животна средина, рече Ковачевски.

Додаде дека согласно усвоените амандмани обезбедени се дополнителни средства за опремување на Комисијата за спречување и заштита на дискриминација, за зголемување на средствата кои се наменети за поддршка на туризмот преку користење на ваучери за туризам, за санирање на проблемот со Студенчишко блато, поставување заштитна ограда на река Отиње.

Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.

Донесен ребалансот на буџетот

буџет економија Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.