Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 кај медицинскиот персонал: Позитивни 36 здравствени работници во ГОБ „8 септември“

0
By Нова ТВ on June 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 16, 2020 16:54

По тројца анестезиолози и интернисти, 25 медицински сестри и пет болничари кои се ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи се заразени со коронавирус, информираат од Министерството за здравство (МЗ). На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што посочија, заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Од МЗ потенцираа дека овие две јавни здравствени установи изминатите денови се засилени со кадар. На Инфективната клиника по систем на ротација се дојдени пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, ендокринологија и Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид, како и 27 медицински сестри од Специјалната болница „Јасеново“ и од болниците во Кавадарци, во Кочани и во Кичево.

Тимот во ГОБ „8 септември“, како што велат од МЗ, е засилен со шест доктори – по двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од болниците во Отешево и во Гостивар. Оваа јавна здравствена установа е засилена и со 20 медицински сестри од Струга, од Велес, од Отешево, од Гевгелија и од Специјалната болница „Лешок“.

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување од овој непредвидлив вирус, нагласија од Министерството за здравство.

ГОБ „8 септември“ заболени Инфективна Коронавирус Медицински персонал МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.