Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 никако да стивне: Активни 3.327 случаи, апели за почитување на мерките

0
By Нова ТВ on August 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемијата на Ковид-19 во Македонија никако да стивне, откако во последните неколку недели се бележат троцифрени бројки на позитивни случаи и покрај изготвените протоколи, мерките и апелите за носење на заштитна маска и одржување на социјална. Скопје и натаму е град во земјава со најмногу заразени.

Едно лице почина, а 109 се запишани како нови пациенти, а 422 се оздравени според вчерашниот извештај за вирусот во земјава за последните 24 часа во кои се направени 762 тестирања или вкупно досега 115.590. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 11.942 позитивни лица, излекувани се 8.087 лица, починаа 528 граѓани додека бројот на активни случаи во моментот изнесува 3.327.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје – 1.177, во Штип – 319, во Гостивар – 306, во Куманово – 263, во Тетово – 171, во Струга – 160, во Дебар – 128, во Кичево – 121, во Свети Николе – 116, во Кавадарци – 103, во Охрид – 77, во Битола – 74, во Македонски Брод – 41, во Демир Хисар – 29, во Виница – 29, во Струмица – 25, во Кочани – 23, во Прибиштип – 18, во Велес – 27, во Гевгелија – 14, во Крива Паланка – 12, во Неготино – 12, во Ресен – 12, во Радовиш – 11, во Крушево – 5, во Берово – 4, во Делчево – 3 и во Валандово -1.

Од Министерството за здравство (МЗ) вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките. Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.

„Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски, за семејството, за колегите и за пријателите. Секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е грижа и за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок. Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца, можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни“, изјави министерот за здравство  Венко Филипче.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 466 прекршоци за неносење на заштитна маска на лице. И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Активни случаи апел Ковид-19 Македонија мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.