Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Вкупно 148 случаи, двегодишно дете од Скопје е најмлад пациент

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на заразени лица со коронавирус во Македонија, заклучно со вчера, изнесува 148. Во однос на 29. случаи во неделата и 22. во понеделникот, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 12 од кои седум кај жители на Скопје, а пет на Куманово. Најмладиот пациент со Ковид-19 во земјава е двегодишно дете од главниот град, а позитивни на болеста се и неговите родители. Сите имаат лесна клиничка слика и се наоѓаат во изолација во домашни услови.

Според местото на живеење, случаи на коронавирус досега се регистрирани во Скопје (88), во Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).

На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 29 лица кои се лекуваат стационарно од кои една пациентка е во тешка општа состојба, на респираторна машина и без промена на состојбата во изминатите неколку дена. Шест лица имаат потешка слика, но респираторно се самостојни. Амбулантски, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис. Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се наоѓаат на домашно лекување.

Институтот за јавно здравје од вчера спроведува тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие сè уште се изолирани и за да нема оптоварување во лабораторијата, министерот Филипче рече дека ќе се тестираат во неколку циклуси.

Од денеска е целосно укинат меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, а Владата од вчерашната седница даде препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови. Според министерот, со овие мерки, односно со дополнително укинување на врските во Куманово со другите општини, има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на коронавирусот.

Владата донесе и одлука со која Институтот за јавно здравје се задолжува за поинтензивна работа во целиот кумановски регион со оглед на тоа што од таму е една од починатите од коронавирусот и неколкумина заболени.

Кај заболените со коронавирусот од денеска ќе почне да се применува лек што содржи комбинација на хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Таа комбинација, како што информираше Филипче, е одобрена на вчерашниот состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД, а ќе биде аплицирана и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекар.

Во однос на тестовите за вирусот Ковид-19, Филипче информира дека сите се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но, за жал, ниту еден тест не е 100 отсто точен. Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораторија, а починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Тој дополни дека постојат и тестови што ги анализираат антителата, односно не го детектираат вирусот, туку утврдуваат дали некој го прележал.

За функционирањето на системот преку „Мој термин“, како што информираше Филипче, без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.

Веќе четврти ден во земјава се спроведува и полицискиот час. За сите граѓани е забрането движењето од 21 до 5 часот, а лицата лица постари од 67 години не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпладне до 5 часот наутро, додека младите до 18 години од 21 часот до 12 напладне.

биланс Влада Коронавирус Македонија одлуки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.