Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Заразени вкупно 177 лица меѓу кои 15-ина здравствени работници

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2020 09:44

Македонија во текот на вчерашниот ден ја регистрира третата жртва од Ковид-19, втора од Дебар. Пациентката на возраст од 66 години која неколку дена беше во тешка состојба и на машина за дишење, почина на Клиниката за инфективни болести. Со нејзиниот сопруг беше дијагностицирана на 6 март откако допатувале од Италија.

Бројот на новозаболени во претходните два дена беше намален, но вчера до пладне, по поминати 24 часа, повторно се искачи на 29. Вкупниот број со новите случаи досега е 177.

Од 29. новозаразени, 20 се од Скопје, тројца од Куманово и еден од Дебар, а коронавирусот првпат е потврден и кај жители на Прилеп – двајца сопружници над 60 години чиј син бил на Копаоник во Србија, како и во Велес каде што се потврдени тројца инфицирани.

Според местото на живеење, 108 се во Скопје, 41 во Дебар, 11 во Куманово, седум во Штип, тројца во Велес по двајца во Кавадарци, Охрид и Прилеп и еден во Гостивар.

Пет од 29. нови случаи се поврзани со заболената поранешна директорка на Клиника за кожни болести. Тие немале симптоми, но тестовите за коронавирусот кај нив биле позитивни. Лицата ќе останат во домашна изолација и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника. Останатите од триесетината тестирани поврзани со докторката од Дерматологија биле негативни.

Од вкупно 177. лица досега заразени со коронавирусот во земјава, 14 или 15 се здравствени работници од Скопје, Кавадарци, Дебар и Куманово.

Позитивни на Ковид-19 се и двајца припадници на Армијата – подофицер и војник, кои извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје. Едниот работел во воениот ресторан во касарната „Илинден“ како помошен персонал. Ресторанот бил дезинфициран и затворен 24 часа.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека комбинираната терапија од лековите хидроклор и азитромицин (познат како сумамед), која има ефикасни резултати во повеќе земји, дадена им е на двајца пациенти на Инфективната клиника.

Филипче рече дека терапијата не им се дава на сите пациенти и претходно е потребно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ) поради некои контраиндикации. Апелираше граѓаните да не купуваат на своја рака лекови и да се обидуваат да ги најдат затоа што таа терапија може да ја даде лекар специјалист според точна индикација.

За да се спречи ширење на заразата се воведуваат и дополнителни рестриктивни мерки. Во деновите на викендот (сабота и недела) за сите граѓани ќе биде забрането движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден.

Остануваат да важат и претходните забрани – полициски час од 21 часот до 5 часот и забраната за излегување надвор за постари од 67 години (од 11 часот до 5 часот) и за помлади од 18 години (од 21 часот до 12 часот наредниот ден).

биланс забрана Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.