Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: САД многу се интересираат за решение, но нема притисок

0
By Нова ТВ on May 23, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 23, 2018 13:17

„Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение  кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки“ вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на брифинг со грчките дописници во САД, по средбите кои ги имаше со американскиот државен секретар Помпео, со  помошниот државен секретар Вес Мичел и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон.

„Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки, рече Коѕијас и додаде дека искуството покажало дека кога се преземаат иницијативи, тогаш никој не може да се меша.

Министерот за надворешни работи на Грција, потенцираше дека во однос на Скопје е во континуирана консултација и соработка со грчкиот премиер со кој имаат совпаѓање на ставовите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк утре и задутре, шефот на грчката дипломатија рече дека паралелно со главните преговори, ќе одржат состанок техничките групи, а ги спомена и двата текста, едниот од грчка страна, другиот од медијаторот, кои ги содржат точките за кои што се водат преговорите.

-Да знаете дека имаме напишано голем текст, Грција го направи. Овој текст, заедно со правниот текст направен од Нимиц ги презедовме и ги интегриравме во еден текст, во кој вториот дел се однесува на идната соработка на Грција и ПЈРМ, односно перспективата во прашањата за образованието, истражувањата итн. Првиот дел се однесува на прашања што се поврзуваат со името, пред сѐ со прашањата за иредентизмот, со кои треба да завршиме, како и поглавјето за признавање на сите меѓународни правни реалности, границите, неповредливоста на границите, дека од ниедна страна не може да се води пропаганда или да се дава простор за пропаганда од едната против другата страна итн, рече Коѕијас од САД, во брифингот за грчките новинари, а пренесе МИА.

Коѕијас Њујорк САД спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.