Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на европските излети: Шкупи, Академија П. и Македонија Ѓ.П. елиминирани во ЛЕ

0
By Нова ТВ on July 18, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/hsk.zrinjski
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипите на Шкупи, на Академија Пандев и на Македонија Ѓ.П. се простија од Лига Европа по првата квалификациска рунда. Чаирчани загубија од Пјуник на арената „Тоше Проески“ со 1:2 и останаа без второ коло во второто, по квалитет, натпреварување на УЕФА иако имаа најголеми шанси за прогрес со оглед на ремито (3:3) по првата средба во Ереван. Артак Једигарјан во 7. минута и Артур Миранјан во 31. минута погодија за ерменскиот тим, единствениот за македонскиот го запиша Марин Јурина во 82. минута. Шкупи го заврши мечот со играч помалку по исклучувањето на Сержињо во 86. минута.

Зрињски го доби и реваншот против струмичани на домашен терен со 3:0, идентично како и во Скопје пред една недела, и рутински се пласира во наредното коло во кое ќе игра против холандски Утрехт. Сите три гола во Мостар попладнево беа постигнати во второто полувреме. Станиша Мандиќ реализира во 50. минута, Милјан Говедарица во 79. минута, а печат на севкупниот триумф стави Ренато Гојковиќ во судиското екстра време (90’+2’).

Ѓорчепетровци го дочекаа Алашкерт со негатива од 1:3 по првата средба во Ереван. Но, не дочекаа да се радуваат како патници за второто коло во Лига Европа. Ерменците и во Скопје славеа со 3:0 и си закажаа дуели со ФЦСБ од Букурешт, екс Стеауа. Урош Ненадовиќ во 21. минута погоди за 1:0, Тиаго Галвао во 68. минута зголеми на 2:0, конечниот резултат на тренинг комплексот при Фудбалската федерација на Македонија беше дело на Тарон Восканјан во 74. минута.

Во моментот на арената „Тоше Проески“ се игра реваншот меѓу Шкупи и Пјуник. По нерешените 3:3 во Ереван, Ерменците имаат предност од 2:0 на полувреме, резултат што ги носи во наредната фаза.

Македонскиот фудбал, сепак, ќе има репрезент во второто квалификациско коло за Лига Европа во Шкендија. Тетовци, по елиминацијата од Номе Калју во Лигата на шампионите, се приклучуваат од второто коло во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА и во вторник се домаќини на Диделанж од Луксембург.

Академија Пандев квалификации Лига Европа Македонија Ѓ.П. фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.