УЕФА награди: За Шкендија досега 540.000 евра, за Македонија Ѓ.П., Шкупи и Академија П. по 240.000

Вкупниот буџет на УЕФА за новата сезона изнесува 3,25 милијарди евра од кои 2,4 милијарди се планирани за ЛШ. Износите се транспарентно објавени од централата на Европската фудбалска асоцијација. Вкупната финансиска конструкција за Лига Европа е 510 милиони евра, за Суперкупот и организациски трошоци се проектирани 295 милиони евра, а во т.н. „солидарен фонд“ ќе бидат насочени 227,5 милиони евра или 7 отсто

Крај на европските излети: Шкупи, Академија П. и Македонија Ѓ.П. елиминирани во ЛЕ

Чаирчани загубија од Пјуник на домашен терен со 1:2, Зрињски и во реваншот во Мостар ги порази „пандевци“ со 3:0, Алашкерт, пак, подобар и во Скопје од ѓорчепетровци со 3:1. Македонскиот фудбал, сепак, ќе има репрезент во второто квалификациско коло за Лига Европа во Шкендија. Тетовци, по елиминацијата од Номе Калју во Лигата на шампионите, се приклучуваат од второто коло во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА и во вторник се домаќини на Диделанж од Луксембург

Квалификации за ЛЕ: Убедлив пораз на Академија П., активен на Македонија Ѓ.П.

Зрињски славеше со 3:0 на арената „Тоше Проески“ за потврда на фаворитската улога во двомечот со пандевци, Алашкерт,, пак, со 3:1 ги совлада ѓорчепетровци чии, какви-такви, надежи за второ коло задржа Ален Јашароски со голот во 52. минута. Шкупи претходно во Ереван одигра 3:3 со Пјуник

Фудбал: Сениорското Куп финале за Академија П. и Македонија Ѓ.П., младинското за Вардар и Шкендија

Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе играат во финалето на македонскиот фудбалскиот Куп на 22 мај. До третиот меч за титула во најмасовното натпреварување, ѓорчепетровци стигнаа...