Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот суд не одобрува претрес за функционери на ВМРО-ДПМНЕ

1
By Нова ТВ on January 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2017 10:06

Специјалното јавно обвинителство денеска преку соопштение повторно се пожали на лошата соработка со Кривичниот суд. Од СЈО велат дека на 20 јануари побарале од Кривичниот суд да им издаде неколку наредби за претрес за различни предистржни и истражни постапки кои ги води обвинителството.

Ниту едно барање за претрес кое се однесувало на поранешни високи функционери не било дозволено. Кривичниот суд по пет дена, одобрил само една наредба за претрес за потребите на случајот „Титаник“. На прашањето на НОВА дали дозволениот претрес е за лице кое е функционер, и дали лицето има ангажирано адвокат ни одговорија дека посоченото лице не е функционер, а како адвокат го има ангажирано Петар Василев.

Василев досега се појавуваше во речиси сите случаи на СЈО против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и работи во адвокатското друштво Никола Додевски.

„Сите останати барања за издавање на наредби за претрес, кои се однесуваа на сегашни и поранешни високи функционери, се одбиени. Имено, судиите за претходна постапка на кои им биле доделени овие предмети и тоа судијата Елена Јосифовиќ и судијата Александра Поп Стефанија изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес, а кривичните совети во состав од судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски и Владимир Панчевски, од судиите Владимир Панчевски, Ленка Давиткова и Диана Груевска Илиевска и од судиите Ленка Давиткова, Диана Груевска Илиевска и Ивица Стефановски ги уважиле изразените несогласности на судиите за претходна постапка“.

Од СЈО додаваат и дека овие барања, заедно со докази и прислушуваните разговори од предметите биле упатени до дежурниот судија, но од непознати причини за ова Јавно обвинителство, дежурниот судија бил заменет и барањата биле доделени на други судии на постапување.

„Одлуки по повод нашите барања беа донесени по истекот на законските рокови, со што постапката се одолговлекува и се оневозможува итност во постапувањето. Имено, ЗКП предвидел кратки рокови и тоа по барањето за издавање наредба за претрес судијата е должен да донесе одлука во рок од 12 часа, а доколку изрази несогласност, тогаш кривичниот совет треба да одлучи во рок од дополнителни 24 часа“, велат од СЈО.

Специјалното јавно обвинителство потсетува и дека се уште не им се доставени ниту записниците, ниту пак снимките од рочиштата за насилството во Општина Центар, како ни за уништената документација во Управата за безбедност и контраразузнавање.

барање претрес СЈО функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.