Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КСС почнува кампања за поголеми плати во јавниот сектор

0
By Нова ТВ on June 6, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 13:04

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор „Пристојна плата за пристоен живот“ која ќе се одвива на социјалните мрежи, посети, собири и конференции во повеќе градови зависно од барањата на членството.

– Ќе кажеме стоп на потценувањето и игнорирањето на јавниот сектор кој веќе стана социјална  категорија, стоп за дискриминација и политички притисок во јавниот сектор, за отпуштање од позиција на моќ и вработување на други лица, за притисоците врз синдикалните лидери, рече на прес-конференција  претседателот на КСС Благоја Ралповски, не исклучувајќи активностите да прераснат во радикализрано синдикално делување.

Како што истакна, нема да отстапат од барањата за усогласување на платите во јавниот  сектор согласно процентот на покачување на минималната плата, покачување на платите во јавната администрација без дискриминација на одредени сектори при следниот ребаланс на Буџетот, за почитување на колективните  договори особено во делот на коефициентот за исплата на плата.

Како синдикат, потенцира Ралповски, сме загрижени од притисокот со кој  се соочуваат наши членови за зачленување или отчленување од синдикати, закани за казнени мерки ако не се постапува според наредби од моќници, деградирање, манипулирање, психичко  вознемирување, упад во синдикални  организации, нивно преземање со закани и моќ, бесправно стопирање на членарина на наши правни  субјекти, одземање документација на синдикални  организации од страна на директори поставени од Владата. Најгруби примери, дополни, е отказот  на неколку синдикални  лидери вклучувајќи го и претседателот на КСС од позицијата државен службеник, што само по себе праќа порака до членството за нивната моќ, напуштање  и уништување на нашиот синдикат и избегнување на законските обврски“.

Одговарајќи на новинарски прашања Ралповски рече дека просечната плата во јавниот сектор  изнесува  околу 18.000 денари, а најдискриминари се наставници, професори, вработени во градинки, државни службеници.

За проблемите и барањата пред два месеца разговарале со премиерот Зоран Заев, но, укажа, нема подобрување на работите.

КСС повтори дека останува  и на барањето за исплата на К-15 во јавниот сектор, но оти нема најава за почнување на преговорите за колективен договор во јавниот сектор и реализација на такво нешто.

јавен сектор кампања КСС плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.