Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Северна Македонија треба да има политичка Влада и Парламент што е можно побрзо

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук во интервју за МИА, говори за потребата од организирање фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа.

Во разговорот, известувачот се осврнува и на несогласувањата меѓу Скопје и Софија и најавите за можна блокада на преговорите за членство од страна на Бугарија. Тој повикува заедничката историска комисија да продолжи со својата работа, додека пак политичарите, вели тој, треба да се занимаваат со иднината.

Главна дебата во Северна Македонија сега се води околу датумот на одржување на парламентарните избори, кој е вашиот став по ова прашање?

Ќучук: Без да навлегувам во внатрешните работи, се разбира дека земјата има закони, има Устав кои треба да се почитуваат, но гледано од Брисел како известувач за земјата, интерес и на Европската Унија и на Северна Македонија е таа да има избори кои ќе бидат демократски, фер и слободни и кои ќе дадат можност за формирање на Влада што е можно побрзо, за да има и функционален Парламент, кој ќе ги контролира решенијата што ќе ги носи власта. Ние гледаме како ќе се развиваат процесите и врз основа на спроведените избори, Европската комисија ќе излезе со свој извештај, а и ние во Европскиот парламент ќе имаме наша резолуција после извештајот за напредок.

Дали фактот што нема функционален Парламент и власт е проблем за објавување на овие извештаи на ЕК и на ЕП кои се очекуваат во јуни?

Ќучук: Секоја техничка власт е ограничена во својот мандат и во своите надлежности, тоа го знаеме, не е како да има вистинска власт која може да преземе одговорност и се разбира и Парламентот игра суштинска улога. Најдобро е да има формирана политичка влада која ќе има одговорност пред македонските граѓани, ќе може да презема обврски пред меѓународните партнери и да има коректор во парламентот, така функционира секоја демократија.

Околу здравствената криза, генерално колку е можно да се организираат избори во услови на пандемија?

Ќучук: Јас не сум медицински експерт и не можам да проценам каква ќе биде медицинската ситуација во септември или октомври на пример, никој не може да каже дали нема да има втор или трет бран. Германските власти, институтот „Кох“, предупредија за таква можност. Гледано од нашиот регион гледаме дека ќе се одржуваат избори, во Србија, во Хрватска, така што тоа е политичко прашање, а главен треба да биде интересот на граѓаните и нивното здравје.

Дали во вашата резолуција ќе посветите дел на спорот со Бугарија околу јазикот и историските личности? Како ќе пристапите кон ова прашање?

Ќучук: Билатералните односи не се дел од преговарачката рамка, но сакам да кажам дека и добрососедските односи се дел од еден преговарачки процес. Северна Македонија и Бугарија се соседни, пријателски држави кои споделуваат заедничка историја и верувам и заедничка иднина во Европската Унија. Последните месеци беа искажани тешки зборови, а знаеме дека зборовите имаат продолжено дејство во политиката. Тие тежат. Не треба со една рака да избришеме сè што е постигнато, не можеме постојано да се навраќаме на изворната точка, ќе треба да се бараат заеднички формулации. За тоа и беше формирана историската комисија, интерес на сите ни е да продолжи да работи комисијата, а политичарите да создаваат услови за економски, културни и човечки контакти. Го кажувам ова како човек кој мисли на иднината. Моето мислење е дека владејачката партија во Северна Македонија секогаш ги признавала двата договори, со Бугарија и со Грција, како важен дел од политиката на земјата, како важни чекори во отворањето на патот кон ЕУ и НАТО. Тоа е и ставот на ЕУ институциите: да се почитуваат договорите за добрососедство, да се исполнуваат и заедно да градиме иднина. Не гледам причина Бугарија и Северна Македонија да бидат непријатели, гледам логика да бидат најдобри и најблиски пријатели во ЕУ, како Германија и Австрија на пример. Моите германски и австриски колеги заседаваат заедно, имаат заеднички иницијативи. Спротивното би било историска грешка.

Мислите дека Бугарија би блокирала почеток на преговори со Северна Македонија поради овие несогласувања?

Ќучук: Нема официјална позиција. Слушав интервју на госпоѓата Захариева (министерот за надворешни работи на Бугарија – н.з.) која потврди дека нема официјална позиција на земјата.

Кои конкретни чекори од двете страни би помогнале да се надмине спорот според вас?

Ќучук: Историската комисија треба да продолжи да работи и да има широк мандат. Сметам дека беше грешка што во последните неколку месеци таа не заседаваше. Таа треба да биде функционална и да заседава, да им се даде можност на историчарите да ги решат историските прашања, а политичарите да гледаат кон иднината. Модерниот интерес и на Бугарија и на Северна Македонија и на ЕУ е западниот Балкан да бидат поле на просперитет, безбедност и стабилност, тоа може да се случи само во ЕУ. Мојата задача како известувач е двете страни да се зближат максимално. Северна Македонија да се приближи максимално до ЕУ и да стане членка. Втора работа што е многу важна е да не се искажуваат тешки зборови, ниту пред избори, ниту после, ниту за време на изборите. Затоа што тие имаат своја тежина.

Конечно, дали може да очекуваме објавување на преговарачката рамка и на извештаите на ЕУ во јуни?

Ќучук: Сакавме да биде така, но не добивам такви сигнали, по сè изгледа дека ќе биде подоцна. Затоа повторувам дека одржувањето на фер и демократски избори со власт која има политичка одговорност и функционален парламент се клучни за односите помеѓу Скопје и Брисел.

Влада Европски парламент избори Известувач Илхан Ќучук интервју Македонија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.