Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц го потврди наодот на ЕК дека Македонија е „заробена држава“

0
By Влатко Чаловски on November 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 28, 2016 12:48

Фер, кредибилни и коректно спроведени избори ќе бидат важен чекор за Македонија на својот пат кон ЕУ, порача денеска министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц по средбата со македонскиот колега Никола Поповски.

– Долго време не верував дека ќе има термин за избори, но тоа успеа и ние во ЕУ сме среќни.  Доколку овие избори бидат коректно спроведени тоа позитивно ќе влијае на Македонија кај земјите од ЕУ. Јасно е кога ќе утврдите критериуми, кога барате нешто од една држава, како реформи во правото или медиумите, тогаш е потребно да преземете чекори кога овие реформи ќе се случат, порача Курц, додавајќи дека е оптимист за европскиот пат на земјава бидејќи Извештајот на Европската комисија (ЕК) не покажувал само слабост туку и позитивен развој.

А токму годинашниов извештај во својот преглед ја опишува Македонија како земја во која се случила најголемата политичка криза од 2001 година наваму, во кој се вели дека државата била “заробена“.

„Што се однесува до политичките криетериуми, земјата се соочи со најголемата политичка криза од 2001 наваму. Демократијата и владеењето на правото постојано беа предизвикувани, особено поради заробеноста на државата, што ги погоди функционирањето на демократските институции и клучните области од општеството. Земјата страда од поделена политичка култура и недостаток за компромис“, се вели во Извештајот за напредокот.

…и потоа во делот на Владеење:

„Продолжија сериозните предизвици за демократско владеење, покренувајќи грижа за заробеноста на институциите и клучните фактори од општеството, од страна на државата. Телата за независност, контрола и надгледување не работеа активно и ефективно, без политичко влијание“, се вели во Извештајот притоа повикувајќи ја Владата да се држи до Договорот од Пржино и да спроведе сериозни реформи и да спроведе фер и кредибилни избори.

Одговарајќи токму на прашање на НОВА за овој епитет, Курц дипломатски одговори дека добро го познава Извештајот на ЕК и иако во поголем дел се согласува со него, на земјата треба да и се честита за некои добри работи, како што е справувањето со бегалската криза.

– Добро го знам Извештајот за напредокот на Македонија и различните пасуси. Некои се многу критични – со право, додека некои се исто позитивни – со право. Имаме интерес за добар развој на државата. Секако дека дел од тоа е да се водат реформи за зајакнување на правната држава и на медиумската слобода и секако еден дел од тоа е да имаме слободни и фер избори. Но и позитивно треба да се гледа улогата на Македонија во бегалската криза. Можам да кажам дека се согласувам со голем дел од употребените зборови, одговара австрискиот шеф на дипломатијата.

По синоќешните бурни реакции на социјалните мрежи за неговото присуство на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Курц на барање на новинарите, рече дека бил во својство на претставник на својата партија.

– Овде сум како австриски министер за надворешни работи. Вчера бев на настан на партијата присутен како претставник на Народната партија на Австрија. За мене не е невообичаено да се посетуваат настани на сестрински политички партии. Во мојот говор не ги повикав луѓето за кого да гласаат. Ги повикав да излезат на избори, а одлуката треба тие да ја донесат, рече Курц.

Австрија ВМРО-ДПМНЕ извештај за напредокот Македонија Никола Поповски Себастијан Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.