Македонската женска ракометна репрезентација се враќа од Скандинавија со убедлив пораз во воведниот квалификациски меч за Европското првенство во 2020 година. Шведска, во рамки на првото коло во групата 5, ги совлада избраничките на селекторот Симе Симовски со 35:26 (полувреме 20:13).
Најефикасна македонска ракометарка беше Сара Ристовска со пет гола, по четири постигнаа Елена Ливриниќ и Симона Стојановска. Предводничка на Швеѓанките беше Мелиса Петрен со седум погодоци.
Во сабота (СЦ „Борис Трајковски, 18 ч.), македонскте ракометарки ја дочекуваат селекцијата на Чешка која во Скопје ќе допатува по убедливиот триумф на домашен терен на Португалија со 31:20. По дуелот во претстојниот викенд, ќе следува пауза во циклусот до март кога „црвено-жолтите“ ќе патуваат на мегдан на португалските репрезентативки.