Работнички не успеа да сочува чиста мрежа за реваншот со Динамо Минск во второто коло квалификации за Лига Европа. Дебармаалци одиграа 1:1 на домашен терен против белорускиот состав и победа или реми со многу голови во возвратните 90 минути ги остава на меѓународната сцена ова лето. Ривалот, пак, го оствари она за што допатува во Скопје. Постигна гол што може да биде и пресуден за патникот во третото коло.
Тимот од Градски парк на крајот може да биде и среќен што не загуби. Поразот беше избегнат во третата минута од судиското надополнување со удар од белата точка. Најстрогата казна во гол за израмнување ја претвори Бојан Најденов, Квашчински обезбеди радост за гостите во воведните мигови на вториот дел. Згора на тоа, составот на Виктор Треневски го заврши настапот со 10 играчи по исклучувањето на Емир Сахити во 82 минута.
„Можеме да бидеме задоволни ако се има предвид текот на натпреварот. Шиков многу ни недостасуваше во одбраната, Шишковски беше феноменален на голот, имавме негатива и човек помалку во финишот, а, сепак, успеавме да израмниме да обезбедиме активен резултат за реваншот и да ги задржиме надежите за трето коло. Мечот во Минск сигурно ќе биде поинаков. Ние ќе се обидеме да се пласираме во наредното коло“, изјави Треневски по ремито.
Работнички – Динамо Минск 1:1 (0:0)
Стадион во тренинг комплекс „Петар Милошевски“ при ФФМ во Скопје. Гледачи: 500. Гл. судија: Арнолд Хантер. Асистенти: Ричард Стори и Дејвид Андерсон. Ж. картони: Ерера, С. Сахити, Трајчевски (Работнички); Галовиќ, Сачивко, Квашчински (Динамо Минск). Ц. картон: Е. Сахити. Стрелци: Најденов 90’+3′ за Работнички; Квашчински 53′ за Динамо Минск.
Работнички (формација: 4-3-3): Шишковски – Ерера, Митрев, Рашо, Илиев (Билали 55′) – Трајчевски, Најденов, Дурански (Е. Сахити 59′) – Велинов, С. Сахити (Кадриу 67′), Маркоски. Тренер: Виктор Треневски.
Динамо Минск (формација: 3-4-3): Климович – Сачивко, Галовиќ, Кузменок – Остух, Лековиќ, Нојок, Бегунов – Лукиќ (Николиќ 69′), Квашчински (Карпович 85′), Сарока. Тренер: Сиархеи Хуренка.
Лига Европа/квалификации/2 коло/ први мечеви
Двојки за денеска
Иртиш (Казахстан) – Црвена звезда (Србија) 1:1
Каират (Казахстан) – Секндербег (Албанија) 1:1
Макаби Тел Авив (Израел) – Рејкјавик (Исланд) 3:1
Работнички (Македонија) – Динамо Минск (Белорусија) 1:1
Ружомберок (Словачка) – Бран (Норвешка) 0:1
Шкендија (Македонија) Хелсинки (Финска) 3:1
Калју (Естонија) – Видеотон (Унгарија) 0:3
Алтах (Австрија) – Брест (Белорусија) 1:1
Брондби (Данска) – ВПС (Финска) 2:0
Лиепаја (Летонија) – Судува (Литванија) 0:2
Аполон (Кипар) – Зарија Балти (Молдавија) 3:0
Габала (Азербејџан) – Јагиелонија (Полска) 1:1
Хаугесунд (Норвешка) – Лех Познањ (Полска) 3:2
Естерсундс (Шведска) – Галатасарај (Турција) 2:0
Вадуц (Лихтенштајн) – Одд Гренланд (Норвешка) 0:1
Астра (Романија) – Зира (Азербејџан) 3:1
Валета (Малта) – Утрехт (Холандија) 0:0
Нидеркорн (Луксембург) – АЕЛ Лимасол (Кипар) 0:1
Беитар Ерусалим (Израел) – Ботев Пловдив (Бугарија) 1:1
Норчепинг (Шведска) – Тракаи (Литванија) 2:1
Слован Братислава (Словачка) – Лингби (Данска) 0:1
Хајдук (Хрватска) – Левски (Бугарија) 1:0
Штурм (Австрија) – Младост Подгорица (Црна Гора) 0:1
Тренчин (Словачка) – Бнеи Јехуда (Израел) 1:1
Абердин (Шкотска) – Широки Брег (БиХ) 1:1
Корк сити (Република Ирска) – АЕК Ларнака (Кипар) 0:1
Осиек (Хрватска) – Луцерн (Швајцарија) 2:0
Железничар (БиХ) – АИК Стокхолм (Шведска) 0:0
Ференцварош (Унгарија) – Митјиланд (Данска) 2:4
Паниониос (Грција) – Горица (Словенија) 2:0
Шамрок Роверс (Република Ирска) – Млада Болеслав (Чешка) 2:3
Валур (Исланд) – Домжале (Словенија) 1:2