Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Пенал победа на Шкендија во Талин

0
By Нова ТВ on July 9, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија го совлада естонски Номе Калју со 1:0 во првиот меч од првото квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Кардиору“ во Талин беше Агим Ибраими во 81. минута од мечот. Реваншот е во Скопје (16 јули) со почеток во 17 часот.

„Можевме и моравме порано да ја обезбедиме победата и на, резултатски, поубедлив начин. Но, задоволство е, секако, присутно. Прво поради европскиот карактер на мечот, второ поради тоа што е прв натпреварувачки за нас ова лето. Триумфот, сепак, не смее да нè залаже. Работата мора да ја довршиме во Скопје и да се потвдиме во второто коло“, истакна тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Севкупниот победник од двомечот во второто коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Сараево и Селтик. А, по исходот во Естонија попладнево, многу поблиску до пресметки со славниот шкотски клуб е македонскиот шампион.

Шкендија и Номе Калју се четвртата македонско-естонска двојка во европските фудбалски купови. Работнички во минатото го елиминира Нарва Транс и Флора Талин во квалификациите за Лига Европа додека Победа беше поразена од Левадија Талин во квалификациите за Лигата на шампиони во 2007 година.

Покрај Шкендија, македонскиот фудбал ќе има уште три претставници во Европа ова лето. Шкупи во четврток (15.30 ч.) ќе гостува во Ереван на екипата на Пјуник, во ерменската престолнина во четврток (17 ч.) ќе игра и Македонија Ѓорче Петров против тимот на Алашкерт, а освојувачот на националниот Куп на арената „Тоше Проески“, исто така во четврток (19 ч.) е домаќин на Зрињски од Мостар. Сите три меча се квалификациски за Лига Европа.

квалификации Лига на шампиони Номе Калју фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.