Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Вардар носи 1:0 на „Паркен“ во Копенхаген

0
By Нова ТВ on July 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Вардар се погрижија да си ја исполнат желбата за победа, макар и минимална, без примен гол во воведните 90 минути од двомечот со Копенхаген во третото квалификациско коло за шампионската Лига на УЕФА. „Црвено-црните“ го совладаа данскиот првак со 1:0 пред реваншот на стадионот „Паркен“ на 2 август. Потпис на втората победа во низа за елитното клупско натпреварување на стариот континент стави Џонатан Балотели во 65 минута.

„Честитки за момчињата. Она што го барав од нив го пресликаа на терен. Имавме три-четири прилики, реализиравме една за голем триумф против екипа што е речиси редовен учесник во групната фаза во европските купови. Но, нема залетување. Зад нас се само 90 минути. Мора да останеме мирни и на земја бидејќи има уште еден натпревар. Ќе одиме во Данска без намера да го браниме овие 1:0. И таму ќе играме офанзивно со желба за гол и за елиминација на Копенхаген“, изјави Гоце Седлоски по средбата.

Вардаровиот стратег остана доследен на најавите за офанзивен пристап со вклучувањето на Дејан Блажевски во стартните 11 наместо Никола Глигоров кој овојпат почна од клупа. Македонскиот првак беше рамноправен партнер на теренот и за нијанса подобар во делови од првото полувреме. Одбраната не беше ставена на искушенија благодарение на мобилноста во двата правца на играчите од средниот ред, а со тоа ниту Гачевски беше доведен на посериозен испит освен ударот од дистанца на Словенецот Вербич.

На спротивната страна неспоредливо повеќе моменти за одбележување. Двете закани со глава на Хамбарѕумјан и Балотели и ударите од далечина на Блажевски, Спировски, Барегјан и Фелипе не донесоа водство на вардарци до паузата, но и тоа како ги анимираа гледачите како навестување за можна радост во продолжение на натпреварот.

Вардар ја задржа присебноста и трпеливоста по враќање од соблекувалната, но и конкретноста против, на хартија, фаворитот. На низата закани уште еднаш се надоврза Балотели во 55 минута меѓутоа реализација изостана. Дека „среќата ги прати храбрите“ се потврди набрзо потоа. По неколку удари кон противничкиот гол без ефект, посакуваниот ефект, сепак, дојде во 65 минута. Домашните успеаја до водство од, помалку, среќна ситуација. При гостински обид за расчистување пред Олсен, топката се одби од Вербич и појде во правец на Балотели кој одлично ја дочека и смирено, од прва, ја упати кон целта и заврши на посакуваното место. Тешко стекнатата предност беше мудро сочувана за заслужен триумф иао до крајот можеше да биде изразен и со уште еден гол разлика, но и поништена во самиот финиш.

Копенхаген во Скопје не беше на ниво од гостувањето кај Жилина во претходното коло, ниту пак на ниво на екипа што секоја сезона е дел од групите во ЛШ или ЛЕ. Покажа малку на националната арена, па логично и незадоволство што по мечот изрази Стале Солбакен, но не и претерана загриженост.

„Направивме неколку глупави грешки и по една примивме гол. Одигравме под очекувањата, но пројавените пропусти може да се поправат до реваншот. Имавме две шанси за разлика од Вардар чии фудбалери направија четири и на крајот беа подобри за еден гол меѓутоа со ништо не бевме изненадени. Нишо не е страшно, ништо не е готово. Ова е само прво полувреме од двомечот, имаме реванш во Данска“, коментира Солбакен.

Вардар – Копенхаген 1:0 (0:0)

Стадион: „Телеком арена“ во Скопје. Гледачи: 12.000. Гл. судија: Даниел Зиберт. Асистенти: Јан Зидел и Ласе Кословски (сите тројца од Германија). Ж. картони: Хамбарѕумјан (Вардар); Јохансон, Тутух (Копенхаген). Стрелец: Балотели во 65′ за Вардар.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан – Николов (Глигоров 88′), Спировски – Блажевски (Којашевиќ 60′), Барсегјан (Брдаровски 76′), Фелипе – Балотели. Тренер: Гоце Седлоски.

Копенхаген (формација: 4-4-2): Олсен – Бенгтсон, Јохансон, Лифтнер, Боилсен – Тутух (Томсен 65′), Квист, Грегуш, Вербич – Сантандер, Павловиќ (Сотириу 73′). Тренер: Стале Солбакен.

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/први мечеви

Резултати

Карабаг (Азербејџан) – Шериф Тираспол (Молдавија) 0:0

Славија Прага (Чешка) – БАТЕ Борисов (Белорусија) 1:0

АЕК (Грција) – ЦСКА Москва (Русија) 0:2

ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка) 2:2

Вардар (Македонија) – Копенхаген (Данска) 1:0

Партизан (Србија) – Олимпијакос (Грција) 1:3

Балотели Вардар квалификации Копенхаген Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.