Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Франција ја понижи Холандија во Париз (Видео)

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дуелот меѓу Франција и Холандија на хартија го понесе епитетот дерби во вечерашните девет натпревари во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Но, претставата на „Стад де Франс“ донесе еднонасочни 90 минути што „триколорите“ ги добија со 4:0 и се издвоија на врвот на табелата во групата А со 16 бода, три повеќе од Шведска која загуби од Бугарија во Софија со 3:2.

https://www.youtube.com/watch?v=XbcpTvRQdgg

Двапати Лемар (73′ и 88′) и по еднаш Гризман (14′) и Мбапе (90’+1′) го совладаа Силесен за продолжување на резултатската агонија на Холанѓаните на кои им беше неопходен резултат во Париз. Вака остануваат во неизвесност за место на мундијалот на три кола до крај на натпреварите по групи.

Фото: uefa.com

За нивна среќа и Швеѓаните загубија на стадионот „Васил Левски“, па заедно со Бугарите се наоѓаат на само три бода разлика и со подеднакви шанси за второто место. Шведска во недела ќе гостува во Белорусија додека Холандија ќе игра со Бугарија на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам. Од групата А уште и за минималната победа на Луксембург над Белорусија со 1:0.

 

Фаворитите во групата Б според планот

Домашните селекции ја оправдаа фаворитската улога во групата Б и останаа на иста бодовна разлика на табелата. Швајцарија со 3:0 ја совлада Андора, Португалија со 5:1 беше подобра од Фарски Острови, а Унгарија од Летонија со 3:1.

Швајцарците се лидери во конкуренцијата со 21 бод. Зад нив се Португалците со 18, дури осум повеќе од Унгарците.

Белгија броеше до девет против Гибралтар, БиХ прокоцка 2:0 на Кипар

Фото: uefa.com

Белгија ја забележа најубедивата победа вечерва во мундијалските квалификации. Во Брисел „настрада“ Гибралтар со 9:0 пришто хет-трик постигнаа Ромелу Лукаку (21′, 38′, 84′) и Томас Муние (18′, 61′, 67′), а по еднаш во листата на стрелци се додадоа Дрис Мертенс (16′), Аксел Витсел (27′) и Еден Азар (45′).

Што се случи со БиХ во Никозија знаат само избраниците на Мехмет Баждаревиќ. Имаа предност од два гола по првото полувреме против Кипар чии фудбалери направија пресврт во продолжението за конечни 3:2 и враќање во игра за СП 2018.

Фото: uefa.com

Тони Суњиќ во 33 минута и Един Вишча во 44 минута обезбедија одлична предност за репрезентацијата на БиХ која се што градеше на „ГСП“ стадионот во нешто повеќе од еден час игра, дозволи да го прокоцка за 11 минути. Домашните преку Деметрис Христофи (65′), Винсент Лабан (67′) и Пирос Сотириу (76′) трипати го совладаа Асмир Беговиќ и ги сочуваа трите бода со кои стигнаа до 10 во групата Х, еден помалку од нивниот вечерашен ривал на третото место и два од второпласираната Грција.

Квалификации за СП 2018

Група А, 7 коло

Франција – Холандија 4:0

Бугарија – Шведска 3:2

Луксембург – Белорусија 1:0

Табела: Франција 16, Шведска 13, Бугарија 12, Холандија 10, Белорусија 5, Луксембург 4.

Идно коло (3 септември): Франција – Луксембург, Белорусија – Шведска, Холандија – Бугарија.

Група Б, 7 коло

Швајцарија – Андора 3:0

Португалија – Фарски Острови 5:1

Унгарија – Летонија 3:1

Табела: Швајцарија 21, Португалија 18, Унгарија 10, Фарски Острови 5, Андора 4, Летонија 3

Идно коло (3 септември): Летонија – Швајцарија, Унгарија – Португалија,  Фарски Острови – Андора.

Група Х, 7 коло

Кипар – БиХ 3:2

Грција – Естонија 0:0

Белгија – Гибралтар 9:0

Табела: Белгија 19, Грција 13, БиХ 11, Кипар 10, Естонија 5, Гибралтар 0.

Идно коло (3 септември): Грција – Белгија, Гибралтар – БиХ, Естонија – Кипар.

Белгија БиХ квалификации за СП 2018 Франција фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.