Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Македонија ѝ откина бод на Италија (Видео)

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 23:56

Македонија во минатото ремизираше против Данска (1:1) како актуелен европски шампион од ЕП 1992, против Холандија (2:2 и 0:0), против Англија (2:2 и 0:0), против Белгија (1:1), ја совлада Република Ирска (3:2), но вечерашниот бод што го освои е највредниот од аспект на реномето на ривалот што го имаше наспроти себе. Фудбалската репрезентација одигра 1:1 против четирикратниот светски првак Италија за изненадување на вечерта во претпоследното коло од квалификациите за СП 2018. Кјелини во 40 минута обезбеди водство за „азурите“, Трајковски во 77. го поништи и дефинитивно го исфрли составот на Џан Пјеро Вентура од трка за првото место во групата Г.

„Црвено-жолтите“ имаа одлично гостување на „Олимпико“ во Торино по кое остануваат на само еден пораз во 2017 година (од Шпанија во Скопје 1:2). Во позитивниот биланс за изминатите девет месеци се вкалкулирани три победи (Лихтенштајн 3:0, Белорусија 3:0, Израел 1:0) и три нерешени исходи (Турција 0:0, Албанија 1:1, Италија 1:1) за потврда за новите ветришта во националниот тим и влијанието на свежата крв од младата селекција.

https://www.youtube.com/watch?v=l8EbEnTWg_8

Пандев еднаш, Инсиње во два наврата и Запакоста се обидоа да погодат во Торино пред да успее во тоа Кјелини во 40 минута од првото полувреме по асистенција на Чиро Имобиле. Желбата и дрскоста за игра и надигрување ги задржаа македонските фудбалери во продолжението. Нивна креација беа единствените ситуации вредни за одбележување во продолжение на средбата. Најпрво Илија Несторовски ја тестирае будноста на Џанлуиџи Буфон по нафрлување на Алиоски за резервистот Трајковски (влезе на местото на Ферхан Хасани во 64 минута) да го претвори во гол додавањето од Горан Пандев за израмнување што остана актуелно и по последниот свиреж на португалскиот арбитар Тиаго Мартинс.

За напаѓачот на Палермо ова е јубилеен десети гол во репрезентативниот дрес во 37 настап и се надоврза на Несторовски и на Хасани како стрелци против Италија во тековниот мундијалски циклус. Во останатите два  вечерашни меча во Г конкуренцијата Шпанија ја совлада Албанија со 3:0, а Израел славеше над Лихтенштајн во Вадуц со 1:0.

Македонија ги завршува квалификациите со натпревар на домашен терен против Лихтенштајн. Пресметката со фенерџијата во групата Г е во понеделник на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 20,45 часот.

Италија – Македонија 1:1 (1:0)

Стадион: „Олимпико“ во Торино. Гледачи: 25.000. Гл. судија: Тиаго Мартинс. Асистенти: Рикардо Сантош и Луис Кампош (сите тројца од Португалија). Ж. картони: Пароло (Италија); Хасани, Спировски (Македонија). Стрелци: Кјелини 40′ за Италија, Трајковски 77′ за Македонија.

Италија: Буфон, Кјелини, Бонучи, Барзалји (Ругани 46′), Дармијан, Галјардини (Кристанте 75′), Пароло, Запакоста, Инсиње, Верди (Бернардески 64′), Имобиле. Селектор: Џан Пјеро Вентура.

Македонија: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски (Зајков 75′), Алиоски, Спировски, Барди, Радески, Хасани (Трајковски 64′), Пандев (Тричковски 80′), Несторовски. Селектор: Игор Ангеловски.

Квалификации за СП 2018

Група Д

Австрија – Србија 3:2

Република Ирска – Молдавија 2:0

Грузија – Велс 0:1

Табела: Србија 18, Велс 17, Република Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5, Молдавија 1.

Идно коло (9 октомври): Србија – Грузија, Велс – Република Ирска, Молдавија – Австрија

Група Г

Италија – Македонија 1:1

Шпанија – Албанија 3:0

Лихтенштан – Израел 0:1

Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0.

Идно коло (9 октомври): Македонија – Лихтенштајн, Израел – Шпанија, Албанија – Италија

Група И

Хрватска – Финска 1:1

Турција – Исланд 0:3

Косово – Украина 0:2

Табела: Исланд 19, Хрватска 17, Украина 17, Турција 14, Финска 8, Косово 1.

Идно коло (9 октомври): Исланд – Косово, Украина – Хрватска, Финска – Турција.

Табела на второпласираните селекции 

Португалија 15 (шест меча)

Италија 14 (7)

Данска 13 (7)

Северна Ирска 13 (7)

Велс 11 (7)

Хрватска 11 (7)

Шкотска 11 (7)

Шведска 10 (6)

БиХ 8 (6)

Италија квалификации за СП 2018 Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.