НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ла Верита: Заев купувал гласови во 2014 година Заев: Да имаа докази, ќе ме осудеа

0
By Нова ТВ on January 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот весник „Ла Верита“ кој на македонската јавност и стана познат по објавувањето на аудио и видео снимки за случајот “Рекет“, денеска тврди дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот брат Вице се вмешани во купување гласови на парламентарните и претседателските избори во 2014 година. Наводно за тоа постои и непроцесуирана кривична пријава против лидерот на СДСМ

Заев негира дека учествувал во наведените нерегуларности, додека обвинителката Вилма Рускоска истакнува дека немало докази за споменатиот случај.

Во прилогот контра претседателот на владеачката партија насловен како „Изборните измами во македонското досие на премиерот – миленик на ЕУ“ тврдењата се поткрепени со документи што се обезбедени со посебни истражни мерки кои, според „Ла Верита“, укажуваат дека со „ангажман на градежна механизација и на локалната самоуправа се купувале гласачи во Струмица за изборите во 2014 година“.

„За време на парламентарните избори во 2014 година, тој како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која, исто така, учествувал и неговиот брат Вице Заев“, нагласува Ларис Гајзер, кој како автор се потпишуваше и на претходните објави на „Ла Верита“.

Во прилогот се вели дека „кривичната пријава против Заеви е во фиока во Обвинителството за организиран криминал, заведена е под број 50/16 која никогаш не била процесуирана и не е застарена“. Гајзер коментира дека „во Македонија во изминатиот период немало темелна истрага во врска со документацијата што ја поседува медиумот, како и дека немало неселективен судски процес врз база на владеење на правото со кој би се расветлиле криминалните шеми што постојат во земјата“.

 

„Ла Верита“ најави дека во наредните денови ќе објавува „кратки извадоци како сублимат од истрагата“. Целта е, како што се наведува во прилогот, „со документите што ги поседува, да се активира работата на обвинителските инситуции во Македонија и да помогнат во докажувањето дека се способни да го променат своето делување, како што рече новиот комесар за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји за време на посетата на Скопје“, подвлекува авторот.

 

„Ла Верита“ се прашува: Можна ли е поврзаност меѓу Груевски и Заев

Во еден дел од коментарот новинарот заклучува дека тоа што обвинителството не покренало истрага за случајот, алудира на можен договор меѓу експремиерот Никола Груевски и Заев, кој како што се вели „преку неговиот братучед и доверлив шеф на тајните служби Сашо Мијалков, имал достап до секоја информација и реално е да се помисли дека ги знаел и сите детали за истрагата која што ние ја анализиравме“.

Во времето за кое „Ла Верита“ тврди дека е поднесена кривичната пријава против Заев, со обвинителството за организиран криминал раководи Јован Илиевски, баџанак на Мијалков, кој во октомври 2016 година е избран за судија во Европскиот суд за човекови права. Со државното јавно обвинителство во тоа време,пак, раководи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август 2017 година.

СДСМ: Изборите во 2014 година целосно ги украде ВМРО-ДПМНЕ

Од владеачката СДСМ велат дека во 2014 година Обвинителство било под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и дека ако се точни обвинувањата, тогаш зошто тоа не го процесуирало случајот, туку напротив не презеле ништо. Социјалдемократите истакнуваат дека изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи. Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Заев: Ако имаа докази, ќе ме осудеа

Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ имала некакви докази дека тој бил дел од изборни нерегуларноси во 2014-та година, сигурно ќе го осуделе.

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев за обвинувањата.

Рускоска: Кога нема докази, нема што да процесуирате

Русковска вели дека тенденциозно и селективно се објавуваат дел од материјалите на „Ла Верита“. Потврди дека кога дошла на чело на Обвинителството имало два отворени предмети за овој случај, но по целосна и детална истрага и сослушување на сите сведоци обвинителите не нашле докази за изборни нерегуларности во овој случај. „Кога немате докази нема што да процесуирате до судот“, вели Русковска.

2014 година Вилма Рускоска Зоран Заев избори Купување гласови Ла Верита нерегуларности СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.